Хммм, приватни компании кои влијаат на законодавства на цели држави. Цел половина век потребен за да се „прогура„ вистината покрај корупцијата уведена од безобразно богатата индустрија... Па дури и до ден денес вампирите се обидуваат да ги сменат работите, и се судат со цели држави како Австралија.
Хммм....м’хмм... на што ми личи ова... Дали некој можеби спомна ГМО?
Неее... нема шанси тоа да е штетно, па толку пропаганда има дека тоа е ептен супер за луѓето (и ич критериум за носење такви заклучоци, ама баш исто како за тутунотот на времето).
Како рече тој типот од 71ва година (со реторика налик на таа од некои овдешни форумџии): „Пушењето не е штетно за бремените жени, можеби само бебињата ќе бидат помали... ама па, можеби некои сакаат да имаат помали бебиња?„
Нема врска, ќе тера заебанции некој иден комичар на лејт најт шоу... за едно 50-тина години.