Нема што да се објаснува. Тоа е поговорка, не е нешто јас што сум го измислил. Го измислиле уште во 16-ти век.
http://en.wiktionary.org/wiki/desperate_times_call_for_desperate_measuresВо конкретниов случај тоа значи дека страните кои се во некој судир соодветно ќе реагираат зависно од сериозноста на ситуацијата. На пример, не го носиш детето на вакцина и добиваш потсетување по пошта. Го игнорираш потсетувањето добиваш повик од матичниот лекар со потсетување. Го игнорираш и тоа добиваш казна. Ја игнорираш и казната и не знам што понатаму добиваш.
Исто е е со кампањите кои ги спомнувате. Прво се почнува со твитери, фејсбуци, па со јавни медиуми, па со протести, па со граѓанска војна, зависно од тоа која од спротиставените страни во каква ситуација се наоѓа и зависно од тоа колку очајно сака да ги постигне целите. Или па од аспект на државата, прво се служи со разни манипулации на податоците, па со смислени лаги и сценарија, па со заплашувања, па со затварања, па со атентати, па на крај со војска и полиција.
И нормално, и двете страни сметаат дека се во право, или пак имаат спротиставени интереси и затоа има судири. Без оглед дали нечија кампања е базирана на лага.
А што правиме кога две спротиставени кампањи се базирани на лаги?