Конкретно дали нивните тестови за алергија се успешни ? Дали резултатите се точни
Алерго-тест не е наука за ракети. Тестот е многу прост и не бара кој-знае каков сет на вештини од страна на изведувачот. Така да не би требало да има варијации во квалитетот на добиените резултати. Тоа е исто ко да прашаш „дали нивниото мерење на притисок е успешно“? Мерење притисок е проста работа, секој може тоа.
Бидејќи имам зборувано со луѓе што правеле тестови во Велес(надвор од Велес) во некоја позната болница и не се задоволни од резултатите. Поточно не им кажале детали за нивната алергија. Ги буцале на раце и им дале општи резултати : полен, трева .... Од 10 кои биле таму на 10 им рекле дека се алергични на полен , прашина. И тоа 1 имал алетгиска реакција , а оди во зима на тест и му велат дека полен била причината за тоа 
Интензитетот на алергиските реакции понекогаш може да варира - од еден ист алерген еден ист човек еднаш да реагира, друг пат да не реагира (т.е. да реагира толку слабо што нема ни да примети). Читај за "allergy variation" на интернет. Тоа што во моментот кога се тестирал не изреагирал на некој алерген, а после некое време реагирал е сосем можно и не мора да значи дека не го тестирале ко што треба.
Се разбира, у принцип е можно и тестот да е тотален фуш (т.е. лажен) ама искрено не ми се верува. Тоа не е ниту скапа, ниту долга, ниту сложена постапка па да остава простор за фушерај или да креира мотив за некакви дубари.