Смешно е како некои си земаат за право да исклучуваат значајни ризик фактори. Уште посмешно е како таквите често се најгласните „главоклимачи„ (со најдебела кожа на колената) и ставовите најчесто им се поклопуваат со тие што профитираат од недостатокот од регулативи за еколошка заштита (и неспроведување на истите тие регулативи).
Таквите секое прашање за одговорност, и менување на работите... го обезвреднуваат и го игнорираат.
Осиромашен ураниум? Ништо не е тоа, филипв и ланче си носи од осиромашен ураниум и ете освен што навечер свети зелено, ништо не му фали... Не се замарај народе со подароците од НАТО, бомбардирањето со осиромашен ураниум е неважно. Неважно е и тоа што испоумре од ракови подоста од НАТО екипажот што работел со тоа оружје од осиромашен ураниум во времето на НАТО војната против Југославија. Канцерите им се од тоа што не спортувале и пушеле, и кркале мрсно. Најнормална работа.
Лажат тие што не се прават слепи, и што посочуваат дека на екс-ЈУ просторите канцерогените заболувања бележат вртоглав подем. Осиромашен ураниум е одлична работа за здравјето и на запад, во недостиг од бомбардирања се спремаат да почнат да препорачуваат употреба на прибор за јадење направен токму од... Да народе, од сиромашен ураниум!!!

Зошто тоа што не те убива, те прави појак... Или можеби те убива, ама полека и подмолно. Но нас не убедуваат дека други работи предизвикуваат рак, а не таа работа на која се жалите... затоа што не треба да прашуваме и да се буниме, треба да им веруваме на профитерите, корумпираните влади ширум светото, и зомбифицираните хипнотизирани климачи со глава (како филипв).
Смешното (и трагичното) е што целиот тој список на ризик фактори за канцерогени заболувања, сите одделни ставки ги играат една против друга.
- Осиромашен ураниум? Ништо не е тоа во споредба со сите други загадувања заедно.
- Последици од секундарно пушење? Ништо не е тоа во споредба со сите други загадувања заедно.
- Исхрана со ГМО? Ништо не е тоа во споредба со сите други загадувања заедно.
- Воздухот е презагаден? Ништо не е тоа во споредба со сите други загадувања заедно.
Итн итн во затворен круг... а во тој круг сме заглавени сите.