Подалеку од Sante Plus. Многу негативно искуство. Земаат 2000€ и потоа око не им гледаш. Не креваат на телефон. Лековите кои ни ги препишаа во Косово не знаеја да ги протумачат за да ги најдеме кај нас. Се работи за одделот ринопластика. Однос никаков. Операцијата беше во Косово, чекавме 2 часа превоз. Таму поминавме со една супа. Вода за пиење во болницата немаше. Англиски само една сестра разбираше. Башка тоа пред операција треба да не јадеш 24 часа. Докторот го чекавме во болничката соба од 9 наутро до 18:30, само еден доктор е. Пациентот беше гладен и не пиеше вода цели 30 часа. После операцијата те тераат да се качиш веднаш во соба, без користење на лифт. После операцијата не поминаа ни 10 часа, дојде шоферот и не врати назад во Скопје. Неколку дена потоа требаше да се оди на контрола и да ни кажат кога и како се пијат лековите. На телефон никаде не креваа. После неколку обиди исконтактиравме и отидовме директно во Санте Плус на контрола. Докторката рече дека требало газата секој ден да се менува, а нас за тоа никој не не извести, туку ни рекоа дека не смееме никако да чепкаме после операција. Носот не е перфектно прав моментално и има лузна на средината од сечењето и после 3 месеци. Договорено е да се прави повторно операција во Турција кога ќе поминат 6 месеци од претходната операција, но колку ќе се почитува тоа останува да видиме...
За таа операција во Македонија никој не се нафати бидејќи е специфична, во Систина не одбијаа(имаме и лошо искуство со роднина со рак, едвај се спаси во Америка).
Пациентката имаше проблем со мигрена, која моментално ја нема или е доста поретка. Правена е операција во Прилеп пред 25-30 години каде и е извадена 'рскавица и носот нема на што да се држи право. Поради тоа имаше проблем и со притисок во главата. На последната операција во Косово вадеа 'рскавица од уво и ја пресадија.