Со кортикостероиди само се маскира болеста, површно само ќе ја излечиш кожата, ако престаниш пак се враќа пошто главната причина за појава не е решена.
Кај мене почна како псоријаза на рацете па да „префрли“, ако можи така да се речи, на дисхидроза како дијагноза. Врвот го достигнав ко ми даваа од кожно антибиотици,
па рацете се влошија, меурчињата на дланките се зголемија, почна на темето од главата да лачи течност, исто така кај ушите, веќе заборавив како што,
дури и околу усните почна да течи и капак беа брадавиците, едноставно на места каде што е потенка кожата не држеа меурчиња да се формираат и се лачеше течноста дирек.
Чаре беше Белогент маста или Дексаметазон таблети, ама за корикостероиди ако го прочиташ упатството на подолг рок повеќе штета ќе направиш него добивка.
Само пола маст дали ја потрошив и истерав еден циклус од таблетите мислам, оние нус појави што ги видов беа страшно нешто.
Пребарував да не имам пишувано тука порано, сум немал, ама ќе ставам покасно слики, можи ќе му се најди на некој, ама да не должам „еве како се излечив“:
Шеќери на минимум, освен во тоа што мора да се јади, како леб пример..., слатки и овошје ич, ама затоа секој ден гледав кромид во некоја форма да јадам и Баланс јогурт.
(кромидот и лукот содржат пре-биотици(храна) за про-биотиците(микроорганизмите)).
Работата беше да се постави рамнотежа во цревата меѓу флората и фауната, пошто со антибиотиците фауна скоро и да немав па си растеа „печурките“ (флората) неконтролирано во цревата и го иритираа организмот кој јавуваше на кожа (ова е вака лаечки кажано). За неколку недели цел се исчистив, и до ден денес ако претерам неколку дена со благо, јавува малку на прстите ама си го контролирам.
Мое мислење е дека болеста е внатрешна, тоа ракија, цигари тешко дека менува нешто, па најефтино што можиш да пробаш е да си купиш пробиотици, и да смениш нешто во исхраната.
Секогаш кога имам потреба од антибиотици земам и пробиотици, и имам заприметено тоа чудо што го прави здравјето на цревата на кожата ниту една крема не можи да го направи.