Уфф мене ми изгледа не си баш разбрал зошто велиш забраниле мрна вакцина. Тоа не е точно.
Текстот впрочем вели нема да даваат понатаму модерна мрна вакцина на луѓе под 30 години поради повеќе случаи на миокардитис во помладата ситуација во споредба со фајзер како несакан ефект. Ова е една од причините зошто ги продадоа и донираа сите астра зенека вакцини, поради случаите со тромбоцитопенија. Скандинавските држави имаат залиха на останати вакцини, паметен народ што се вакцинира и веќе ја поминаа пандемијата и мислат на трета доза и се вратија во нормала.
Е сега, да се вратима на текстот. Притоа во текстот напоменуваат неколку пати дека миокардитис е најчесто бенигна појава и краткотрајно воспаление на срцето и самото од себе си поминува. Впрочем, и кога имате добиено сезонска настинка со температура во чести случаи имате и миокардитис ама тоа не ни го знаете.
Трета доза од модерна мрна ќе се дава на сите останати над 30 години. Од тука, дали можеме да заклучиме дека модерна мрна вакцина е забранета?! Нормално дека не, да не спинуваме.