Па ако не, онда дајте сите масовно да испозакачиме Ковид, бољи биле антителата.
Или не, а?
Многу е погрешно да се тера дискусијата во насока на „антителата од ова се бољи од антителата од она“. Во суштина, тоа го става закачувањето (и прележувањето) ковид (со сите познати и непознати последици и компликации) и вакцинирањето на исто рамниште. А не се. Ни од далеку не се.
15% од прележаните кои имале посериозни симптоми развиваат дијабетес. Знаете што значи дијабетес? Нешто што баба ви имала? ЈАС живеам со дијабетес. Секој ден. Се боцкам 4 пати на ден. Живеам со сите предизвици и проблеми и компликации кои ги предизвикува. Сакате да се заебавате? Сигурни сте?
Ама природно си е природно, антителата од прележување биле подобри. Ајде бре...
Ова било подобро, она било подобро, оваа вакцина, онаа вакцина. Вакцинирајте се, завршете работа, продолжете со животот. Ако ви треба (во догледно време) за патување, гледајте да се вакцинирате со вакцина која ЕМА ја признава. Тоа е тоа.