Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615931 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Абе @Van , ти си бил експерт и за вакцини бе? Извини вака, во кое поле не си експерт?
поздрав.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ма не, каков експерт... Тоа само ти мешаш писменост со експертизам. :)

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6581
Само неписмен на форум, у маало на копиљана или пред коперација со кило саламче и вегета може да рече мрна е недоволно испитана технологија.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Цитат
Цитат: vlatko.klp на денес во 13:06:46
Ни под разно неможе сите прележани да се стават под ист кош. Некои од нив повторно фаќаат инфекција по втор дури и трет пат, некои немаат доволно заштита, некои имаат итн.
Статистички колку се тие што по трет/втор пат се разболуваат од ковид19?
Повторно разболување е факт на природата за СИТЕ БОЛЕСТИ. Истото важи и за сипаници, и за заушки, и за други вируси. Некои организми се послаби, имуните системи им се полоши, коморбидитети, итн... Исклучоците не го побиваат правилото.

Навистина не ми е јасно зошто се бутка тезата дека не смееш да се инфицираш по вакцината.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Само неписмен на форум, у маало на копиљана или пред коперација со кило саламче и вегета може да рече мрна е недоволно испитана технологија.

Колку mRNA вакцини минус Фајзер и Модерна се масовно (или воопшто) давани на луѓе?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6817
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Да не умриш случајно, дупла доза  ;D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
За вакцини морам Ван да го поддржам. Има детално истражено, свака част. Сериозен сум, ни тролам ни ништо. Браво за времето што го трошиш и воља што имаш.

p.s. Ако некогаш не сум при здрав разум и свест или сум приморан законски, само со Спутнико би се дупел. Ова друго БИГ НО НО.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ма далеку е ова од истражување, ова е само размислување за основни достапни факти... Е сега веројатно самиот процес на размислување и носење на став заснован врз основа на факти, е концепт кој е проблем за некои луѓе.  :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2470
Само неписмен на форум, у маало на копиљана или пред коперација со кило саламче и вегета може да рече мрна е недоволно испитана технологија.

Сега и ти претеруваш малку, рака на срце.

До сега вакцина со таа технологија на изработка се нема употребувано масовно на луѓе, така да нема потреба да фрлаш квалификации „неписмен“, кооперации и остали срања. Селски звучи, искрено. Се надевам не сме на селски форум.
Јас не видов никој да пише дека е лоша или слично, туку дека не е испитана (ДО СЕГА) кај милиони луѓе. Буквално никој не знае како ќе реагира секој индивидуалец после извесен период од xxx месеци/години. Ако ти знаеш - повели и сподели, не нафрлај „саламче и вегета“ муабети, не се караш со анти-ваксери.

Не мора да си завршил нуклеарна медицина за да го констатираш погорново - дека реално не се знаат ефектите кај генералната популација која ја примила.
Смири се малку.  :)
« Последно менување: 06 Октомври 2021, 14:45:39 pm balanar »

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Од ФДА е одобрена. Тоа е плус. Ама никој не знае дали/какви нус појави носи. Прв пат се употребува сега. Може да испадне револуција во здравство, може да испадне тешка катастрофа. Да се надеваме дека ќе е успех, во спротива ќе има милиони инвалидизирани луѓе за некоја година.

БТВ Гинеколозиве низ мкд предупредуваат да не пробувате деца да правите во првите 6 месеци од примање шмајзер. Превентивно. Значи тоа што ти викаат превентивно 6 месеци да не ти текне за семејтво за мене е ред лајт, за друг може да му е сеедно... Како и да е, јас играм на спутник и првата кинеска синофарм како и да се викаше. Ова сега алиекспрес кина и шмајзер би ги скокнал.

За повеќе рецепти на тема вакцини, следете го Ван.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224


Здрави момчиња би можело да бидат примени во болница со редок несакан ефект од вакцината на Фајзер на БионТек поради воспаление на срцето и тоа би било поголем проблем отколку симптомите и последиците од самиот Ковид, тврдат американски истражувачи, а пренесува „Гардијан“.

Нивната анализа врз основа на медицински податоци сугерира дека момчињата на возраст од 12 до 15 години, без никакви други медицински состојби, имаат четири до шест пати поголема веројатност да им биде дијагностициран миокардитис поврзан со вакцината отколку да завршат во болница поради компликации од Ковид.

https://skopjeinfo.mk/vakcinata-na-fajzer-e-rizichna-za-mladi-i-zdravi-momchinja-velat-amerikanski-istrazhuvachi

https://www.theguardian.com/world/2021/sep/10/boys-more-at-risk-from-pfizer-jab-side-effect-than-covid-suggests-study



Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Па ако не, онда дајте сите масовно да испозакачиме Ковид, бољи биле антителата.

Или не, а?

Многу е погрешно да се тера дискусијата во насока на „антителата од ова се бољи од антителата од она“. Во суштина, тоа го става закачувањето (и прележувањето) ковид (со сите познати и непознати последици и компликации) и вакцинирањето на исто рамниште. А не се. Ни од далеку не се.

15% од прележаните кои имале посериозни симптоми развиваат дијабетес. Знаете што значи дијабетес? Нешто што баба ви имала? ЈАС живеам со дијабетес. Секој ден. Се боцкам 4 пати на ден. Живеам со сите предизвици и проблеми и компликации кои ги предизвикува. Сакате да се заебавате? Сигурни сте?

Ама природно си е природно, антителата од прележување биле подобри. Ајде бре...

Ова било подобро, она било подобро, оваа вакцина, онаа вакцина. Вакцинирајте се, завршете работа, продолжете со животот. Ако ви треба (во догледно време) за патување, гледајте да се вакцинирате со вакцина која ЕМА ја признава. Тоа е тоа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
А јас па се надевав дека од Фајзер ќе ми порасне курето на стари години ;D

Шега на страна, дали дека стоицизмот ми е најблизок како стил на размислување, многу многу не се оптеретувам во можни последици од било кои вакцини, односно сметам дека е минато кога вакцините беа во зачеток и се настапуваше на непозната територија.
Како што кажа Зеро, боље преку вакцина да се запознаам со вирусот отколку лично и персонално, ако во меѓувреме не знаејки сме се спријателиле.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/fajzerci-za-imunitetot-prirodno-si-e-prirodno

Како што пренесовме деновиве, првиот човек на Бионтек, компанијата со која Фајзер партнерски ја изработија вакцината, најави дека сегашните вакцини веројатно нема да вршат работа уште долго и дека веќе на половината од 2022 година ќе ни треба нова вакцина, апдејтирана за оние соеви кои допрва ќе се појават со мутација на вирусот.