Јас очекував дека светот ќе се здружи и со сите ресурси многу подобро ќе се справи со вирусот, во време во кое измислија се и сешто, се планираат што се вели викенд патувања до месечината, автономни возила, секакви роботи и што уште не, еден вирус покоси еден куп луѓе.. на тие пари, на толку моќни држави ова што ни се случува, едноставно не ми се верува ! Сепак не сме биле толку семоќни како што си мислевме.
А ти очекуваше научна фантастика?
Демографија е во прашање, тука технологија нема начин како да ти помогне.
2020та година ало! Сите се потепаа кој да купи поголем инфотејмент во кола, кој да направи повисок неодржлив стандард за фиктивни загадувања Еуро 6д. Late stage calitalism си е тоа. До толку се оддалечија од реалноста што инстаграм им стана реалност.
1. Не е исто да умре некој во Јемен и татко ти. Иако се правиме пред народ дека е исто, воопшто не е. Напротив многу е различно.
2. Covid19 е болест на Оптеретување. Значи го оптеретува нападнатиот огранизам и умира од товарот. Исто како повеќето други болести од овој тип. Не е ова пиштол па да се констатира смрт од разнесен череп. Оптоварува, повеќе и повеќе се додека најслабата точка не попушти и настапи смрт. Тие со ВЕЌЕ оптеретен организам имаат понизок праг на трпење терет зошто се веќе оптеретени. И побрзо Covid19 ќе стигне до прагот. Неможе да се труби дека не бил Covid19 туку умрел од старост или бубрези. Тој си терал со дефектните бубрези 45 години, ќе си терал уште 40 без Covid19, ама сега умрел. И од бубрези умрел? Тикви. Од оптеретувањето Covid19 умрел. Сите имаме слабости и хронични заболувања кои може да се посилни или послаби или неприметливи.
3. 2020та година, информациско доба, писменост 99% фиктивна, 55% фактичка. Ние се замараме со миење раце, и бегање од самоизолација. Социјализам после овој никаквиов светски систем и да се оправиме на планетарно ниво.