Цело време фрлам факти тука. Него, кај се твоите факти дека нашите вакцини се полоши од оние во Германија или во Маџарска или во Аустрија? Уште ги чекам.
Не Симо.
Тоа што го правиш цело време е да затвараш уши за СВЕ што ти се покажува, и потоа поставуваш некое прашање како да си паднал од Марс.
Јас не сум игноранатен како тебе - сакаш да не споредуваш со Германија?
Повели ПОКАЖИ дека во Германија ги употребуваат истите вакцини!
Доказ? Ок, еве доказ Германија:
https://de.wikipedia.org/wiki/MMR-Impfstoff#HandelsnamenPriorix von GlaxoSmithKline; Priorix-Tetra, enthält zusätzlich noch eine Komponente gegen Varizellen
Македонија? Еве ги спорните вакцини:
Станува збор за 624 кутии на вакцини PIORIX (Приорикс)) од производителот Глаксо Смит Клајн( GlaxoSmithKline Biologicals S.A.)
Зборуваш како да знаеш што употребуваат во Германија, ајде тогаш направи напоредна споредба што употребуваат таму. Вакцините кои се употребуваат овде ги линкав, овде се постирани на оваа тема.
И ти зборуваш како да знаеш што употребуваат кај нас, ама еве, моево може да се провери онлајн многу лесно. Твоето? Никако....
Во исчекување (на Годо) еве потсетување КОЛКУ ПРОВИДНО ИГНОРИРАШ прашања и факти кои ти ги утепуваат во поим тезите кои ги застапуваш:
Конкретниов пример, Македонија Лек (или како се викаа) може да згрешиле декларации или може некој да ги мести, ама мене многу повеќе ме интересира каде е одговорноста на институциите кои имаат задача и одговорност да ги контролираат и проверуваат лековите, вакцините. Упорно го игнорираш тој момент Симо, ебаго не биди дибек и инает признај ја грешката таму каде е згрешено - во институциите кои не си ја работат работата. Пошто без сите цело село масовно да бараме одговорност, ништо нема да се смени и вакви скандали и злосторства ќе случуваат повторно и повторно.
И како дополнение на оваа веќе докажана теза дека системот (Здравството) ги крие околностите окулу криминалот со давање на вакцини со изминат рок на дечињата, уште една вест дека целиот процес е нетранспарентен и скриен од јавноста. Што крие системот и то кријат политичарите што го водат Здравството? Навистина што кријат ако се е чисто?
Зошто се уништуваат вакцините доказите без јавноста да има увид?
Или се чека нови лепенки да се прелепат до утре/задутре?
Да беше се како што се кажуваат, можеа лагано да ги пуштат новинарите да снимаат на лице место и се ќе беше чисто. Ама не е чисто... Еве што се случува:
https://makfax.com.mk/makedonija/се-кријат-вакцините-со-погрешен-датум/
Агенцијата за лекови и „Македонијалек“ ги кријат МРП-вакцините со погрешен датум на декларацијата што треба да бидат уништени. За да се расчисти дилемата во јавноста за рокот на вакцината втиснат на шишенцата од производителот и наводно погрешната налепница од „Македонијалек“, „Макфакс“ побара да ги сними вакцините што треба да се уништат. Снимање на лековите не дозволија ниту од Агенцијата ниту од „Македонијалек“, а од Министерството за здравство оставија можност тоа да биде направено во текот на утрешниот ден.
Директорот на Агенцијата за лекови, Ќахил Ибраими, во телефонски разговор кусо рече дека во депото на „Македонијалек“, каде што се чуваат вакцините со погрешен датум, пристап имале само инспекторите и побара барањето да му го испратиме на е-пошта, но сепак одговор на барањето не добивме.
Во „Македонијалек“ , пак, увозник на вакцината со погрешен датум, неколкупати побаравме да ги снимиме вакцините, но одговорот од таму беше: „вашето барање е пренесено кај надлежните, ќе ве известат за одговорот“.
Министерот за здравство, Венко Филипче, уверуваше дека на секоја вакцина има воден жиг со рок на траење, кој кај оспорените вакцини со погрешни декларации е до јуни и јули 2019 година, но во ниту еден наврат не покажа примерок од вакцината со разните датуми, туку остави јавноста да верува само на неговиот збор. Тој објаснуваше дека пропустот го направил увозникот на вакцината, кој на кутиите залепил декларација направена за претходниот увоз, кој бил со важност до октомври 2018 година.
Искрено, новинарите се на иста линија на лажговци и преваранти како и политичарите. Симбиоза на паразити. Уште и придонесуваат со паники дека вакцините се штетни, што е жива глупост.
Ајде да претпоставиме дека вакцините се навистина со изминат рок. Најлошо што може да се деси е тие да не создадат имунитет кај вакцинираните. Затоа се ревакцинираат и тоа два пати. Ама кај оние што воошто не се вакцинираат (антиваксерите), кај нив можноста за создавање имунитет е еднаква на нула!
Моето мислење за тоа како го „одработија“ моментот со погрешните декларации може пак да го прочиташ на претходната страна. Но, повторно пробуваш нешто да докажуваш само со убави (и неубви) зборови, а доосега од тебе добиваме само (туѓи) новинарски белешки без ниеден конкретен доказ. Ок, не е лошо за дискусија, ама пак сме без факти презентирани од твоја страна. Новинарски прикаски јас не ги есапам за валидни додека не се потврдат.
Прееска се изјаснив што мислам за идиотите кои успеваат поради својата глупост и неинтелигенција да ја разнишаат и таа мала доверба кај луѓето. И верувај не ми е сеедно, затоа што поради тие глупаци, се јавуваат ликови како тебе кои викаат „не се вакцинирам бе, шо му ебам матер, па макар и да умрам и да заразам некој друг“. Е сеа, проблемот е што таквите како тебе што „главата не им е само за капа“, многу читаат и размислуваат, ама слабо проверуваат факти.
Е сега, да се вратиме на главното: Ти Ван, дали ќе одговориш на главното прашање: Дали може да докажеш дека во Македонија се користат вакцини со полош квалитет од останатите земји во ЕУ, каде му веруваш на Системот? Еве да речеме во Исланд, или Шведкса, уствари избери сам земја од ЕУ.