Инсајдс, ако сакаш едукација почни од тоа дека не зборуваме за „ранливи семејства“ (кованица на политички коректната агенда). Tаквите секако лапаат и повеќе отколку што треба социјална помош - добиена од пари земени од нас што плаќаме даноци (за разлика од нив). Зборуваме за деца со ранливо здравје, како на пример болежливи или прерано родени деца.
Извини, на тоа мислев, меа кулпа. Благодарам на корекцијата.
На пример:
http://inbox7.mk/archives/1282
Прочистените вакцини се за привилегираните
Значи, постојат вакцини кои воопшто не предизвикуваат несакани последици? Ацелуларните не предизвикуваат, а целуларните предизвикуваат?
И тие вакцини (ацелуларните) се поскапи, и затоа не се набавуваат стандардно? А овие другиве се поефтини, и затоа се набавуваат?
Малку ми беше конфузно форматиран текстот на линкот, па отидов директно на статијата на Призма (односно BIRN) каде е иницијално објавена во 2014 и од каде е преземена на цитираниот линк...
https://prizma.mk/po-vaktsini-vo-sosedstvoto-na-sopstven-rizik/...па таму најдов коментари од родители кои се чувствуваат обесправени, неименувани (анонимни) соговорници и преносно цитирани високо рангирани функционери (повторно анонимни), врамено во наслов "прочистените вакцини се за привилегираните".
Но подолу, во истата статија, има коментари од луѓе кои се согласиле да зборуваат со име и презиме. Тие зборуваат за (1) важноста на начинот на набавка и чување на вакцините, (2) важноста на правилно информирање на населението и (3) евентуалните врски помеѓу вакцинациите и несаканите последици.
Морам да се корегирам, тука има повторно цитат од неименуван извор - претставници од здружение против задолжителна вакцинација - кои изнесуваат тврдења, но не се потпишуваат под нив.
И сега:
1. Каде да најдам информации кои укажуваат на тоа дека семејства од ранлива категорија (или било кој пациент, од било кое семејство) се третирани со несоодветни (од другите?) вакцини? Дали веќе некој поднел претставка пред Лекарска Комора против медицинскиот персонал кој го извел наведеното?
2. Каде да најдам информации кои укажуваат на постоење на паралелен увоз на вакцини? Поефтини за регуларните (без врски) пациенти, и поскапи за ирегуларните (со врски) пациенти? Претпоставувам дека некој поднел барање до ФЗО / Министерство за Здравство / Лекарска Комора околу тендерите за набавка, контрола на квалитет и испорака на вакцини кое покажало неправилности - каде да ги најдам информациите околу такво барање?
ЕДИТ: Сменето "но" во "па" и затемнети дел од прашањата од мојот претходен пост.