@bramovsk твое право е да веруваш. Исто како што мое право како атеист е наместо да верувам, да сакам да знам. Ама да знам од научен аспект и од податоци - не затоа што некој како поповине рекол „слушај ме што зборувам, не ме гледај што правам“.
Сите гледаме што се случува со Здравството во оваа држава, како умираат пациенти од немарност и небрежност а никој не одговара за тоа. Како по болниците нема никакви услови, додека владата парите ги спичкува на местени тендери и забегувања како
Новогодишни концерти во Виена за администрација.
Оставам можност да си во право за Докторката, нека и е на чест ако навистина си во право.
Но дури и да си во право (што не можеме навистина да знаеме), сепак еден исклучок не го менува правилото. А правилото е дека и во здравството како и секаде во оваа држава: СЕ Е КОРУМПИРАНО, и безбедни ацелуларни вакцини има само за тие со најдебели врски.
Го бранам системот кога е корисен за општото добро.
...
Тотално неточно е дека доктор имунолог ќе му стави на своето дете ацелуларна вакцина по секоја цена, поготво доколку сака да биде сигурен дека имунизацијата е што поефикасна.
Тој доктор имунолог многу добро разбира зошто на своето дете ЌЕ МУ ДАДЕ ацелуларни вакцини (тие што се достапни), или вакцини со инактивиран вирус. Затоа што многу подобро од тебе ги разбира ризиците, а за свое дете кој нема да направи СЕ што е потребно?
Нормално, тебе и мене истиот тој доктор по службена должност мора да ни ја кажува официјалната приказна. И повеќето (како тебе) веруваат. Тоа не е чудно, од мали сме учени да веруваме на системот, всушност генетски сме така предиспозирани но секако нема сега да зборувам за еволутивна генетика.
По зборувањево човек ќе рече ти како да живееш овде, туку во некоја функционална држава каде се е како што треба да биде.
Малку да направиш муабет со луѓето кои работат внатре во системот (а не е могуче да не познаваш никој), сите ќе ти кажат дека само јаки врски може да се дојде до ацелуларни вакцини, или вакцини со инактивиран вирус.
Јавна тајна е тоа, па дури имаш и изјави на тогашната Директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, која во интервју тогаш на времето,
призна дека има големи притисоци и ургенции за овие вакцини:
– Кога ќе почнат да притискаат, мене ми е дури и непријатно, знаејќи дека имаат предност деца кои поминале низ интензивна нега или имале некој проблем, се наоѓам во непријатна ситуација, изјави тогаш Софијанова.
Ваквите вакцини не стигаат до тие на кои им се најпотребни, туку остануваат за тие со најдебели врски:
http://inbox7.mk/archives/1282Прочистените вакцини се за привилегираните
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Моето дете не доби шанса да се вакцинира со ацелуларна вакцина – Лили Величковска | Фото: НОВА
Клиниката за детски болести. Таму еднаш годишно се набавуваат по 1.500 дози ацелуларни, прочистени вакцини наменети за предвреме родените бебиња или. пак, за деца кои имаат кревко здравје, а нив може да ги примат само 500 деца од државата (по три дози за едно дете). Но, овие вакцини ретко ги добиваат тие деца на кои навистина им се потребни.
Четиринаесетмесечната Ева е родена предвреме со само 1.700 грама, но и покрај тоа не добила шанса да прими вакцина која не предизвикува компликации.
Нејзината мајка Лили Величковска раскажува дека за тоа кому ќе се дадат овие вакцини треба да одлучи посебна лекарска комисија, која, за жал, практично не функционира. По пет-шест месеци чекање, повторно отишла кај лекарката за да ја замоли нејзината ќерка Ева да ја прими вакцината.
– Таа ми рече не и не, мене ќе ме избркаат од работа! Зошто да ја избркаат од работа, затоа што сакам да вакцинирам дете кое е родено во 31. недела со 1.700 грама, изјави револтирано Величковска.
По безуспешно тропање од врата на врата, откако категорично била одбиена од клиниката, Ева со задоцнување од една година ја примила обичната, целуларна ДТП-вакцина (дитепер), која предизвикува висока температура, вознемиреност, но и разни други компликации кои со себе носат голем ризик.
Величковска обвинува дека многу деца кои се предвреме родени или имаат здравствени проблеми немаат можност да ги примаат овие вакцини, бидејќи со помош на ургенции голем дел од нив им се даваат на здрави деца.
Во една пригода со една медицинска сестра од Детската клиника, кога ја прашав: „Добро за кого се наменети овие вакцини? – таа револтирано ми одговори: „За деца на партиски моќници, политичари, бизнисмени, актери, на пејачи“ – изјави огорчено Величковска.
Неофицијално, од вработени на Клиниката кои сакаа да останат анонимни, дознаваме дека често доаѓаат луѓе на раководни функции, наводно со препораки од некои структури, ги заплашуваат медицинските сестри и лекарите дека се испратени од „горе“ и тие во страв им ставаат вакцини на нивните деца.
– Мене ме испрати висок функционер во едно министерство за моето дете да прими ацелуларна вакцина. Веднаш ќе се јавам таму ако не му ја дадете вакцината на детето, се заканувал пред некој ден еден господин на медицинскиот персонал на Одделот за имунологија, дознава БИРН од извори во болницата.