Да се умешам малце, незнам зашто се натегате толку, па дури и лични навреди и квалификации си пишувате тука, кога апсолутно и целосно никој не е во право, нити па не е во право.
И јас сакам да верувам во здравствениот систем, еве конкретно системот за имунизација, кој опфаќа еден куп процеси. Системот го чинат луѓето, кои се коруптивни по природа, па затоа имаме денеска ситуација каква што имаме, антиваксерски движења. Тоа не се покренало само од себе зашто некој немал што да прави па решил ајде сега вакво движење ќе направам, за да им го ебам бизнисот од миљарди на фармацевските компании, туку имало случаи на несакани последици. Одговорот на тоа бил, вакцините се безбедни, пошто нели направиле студии и докажано е дека нема никаква врска меѓу вакцините и аутизмот да речеме. Епа зашто тогаш не е престанато со скептицизмот према вакцинацијата у случајов, туку со социјалните мрежи тоа се шири доста брзо и се се дознава, но и се манипулира по потреба. И не се само мамички и глупи родители како што ги нарекувате тука, има и доктори по медицина, има и родители кои најдобро си го знаат своето дете какво било и какво станало. Кога ќе се решат несаканите последици со вакцините, а кај нас се задолжителни, тогаш и ќе се врати вакцинацијата на ниво кое треба да го има.