Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1467786 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Јас му верувам на ОВОЈ систем на имунизација и мислам дека е добро решение. Уште и го подобрија, нема да ги пуштаат во школо и градинка невакцинираните, и ќе ги казнуваат родителите антиваксери.
^^
Да да, само ти повторувај си го во себе тоа.
Моли се на богот Рандом вакцините со истечен рок да тригерираат имун одговор.

Цитат
ОВОЈ систем на имунизација кај нас е воспоставен согласно принципи и препораки на светска здравствена организција. Не сме го измислиле ние, ни ти ни јас ни филипче ни тодоров.
Хаха, ама Филипче и Тодоров се тие кои го спроведуваат системот, а секој план/систем е добар само колку што ги бива тие кои го спроведуваат. Примарна цел на клептократите како Филипче и Тодоров им е да стават парички во џеб. Па така „системот“ купува вакцини со истечен рок, односно вакцини со скоро истечен рок кој потоа им истекува пред да можат да ги употребат. Па децата за џабе ги боцкаат со се и сешто, со големи шанси да НЕ СЕ добие имунитет.
И купуваат вакцини со живи вируси, кои имаат значително поголеми шанси за животозагрозувачки компликации. А ги плаќаат како поскапите побезбедни вакцини со инактивни вируси. На тендерите добиваат тие фирми кои тупнале парички во џебовите на Филипче и Тодоров.
Сето тоа е платено со нашите пари.

Најсмешно е што ТИ ги спомнуваш препораки на светската здравствена организција!
Ајде не бегај од реалноста. Биди човек и одговори, по 10-ти пат те прашувам:
- Кои се препораките на СЗО за Полио вакцини во земји каде Полио вирусот не е ендемичен?
- Зошто во Македонија се даваат Полио вакцини со жив Полио вирус??
- Зошто не се даваат Полио вакцини со инактивиран Полио вирус, КАКО ШТО СЕ ПРЕПОРАКИТЕ НА СЗО???

И да, уште еднаш потсетување ШТО СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД компликации од вакцини со жив Полио вирус.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Влатко Ѓорчев ти ли си?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3932
Влатко Ѓорчев ти ли си?

Ми беше незгодно да прашам  :D :D :D :D


Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
https://www.who.int/immunization/diseases/poliomyelitis/en/

"Under objective 2 of the Eradication and Endgame Plan, at least one dose of inactivated poliomyelitis vaccine (IPV) should be introduced into all routine immunization programmes globally, and trivalent oral polio vaccines (tOPV) will be replaced with bivalent (bOPV) in all OPV-using countries. The global "OPV Switch" was successfully conducted worldwide in April 2016 – setting the stage for the eventual withdrawal of all OPV."

Закон за имунизација на РМ:

Службен весник на РМ, бр. 16 од 26.1.2018 година
20180160168
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 16, ставови 2 и 3 од Законот за здравствената заштита („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14,
188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), Владата на Република Македонија, на
седницата одржана на 23.1.2018 година, донесе
ПРОГРАМА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИМУНИЗАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2018 ГОДИНА

"Задолжителна активна имунизација против детска парализа се врши со давање:
- Три дози вакцина против детска парализа со жива двотипна орална полио вакцина (во
понатамошниот текст: OPV2), и/ или мртва тритипнаинактивиранаполио вакцина (во
понатамошниот текст: IPV) како поединечна или во состав на поливалентни вакцини како
примовакцинација.

- Една доза на OPV2 или IPV како поединечна или во состав на поливалентна вакцина,
како I (прва) ревакцинација.
- Една доза на OPV2 или IPV како II (втора) и III (трета) ревакцинација
А) Вакцинација се врши:
- На сите деца родени од 01.11.2017 до 31.10.2018, на возраст определена со Календарот
за имунизација.
- На сите сите деца родени 2004 година наваму до 31.10.2017 година, кои порано не
биле вакцинирани против детска парализа.
Б) Ревакцинација се врши:
- На сите деца комплетно вакцинирани против детска парализа во 2017 година, ако од
потполната вакцинација поминала една година.
- На сите деца на 7-годишна возраст, односно во II (второ) одделение од основното
образование, кои претходно биле вакцинирани и ревакцинирани според Календарот за
имунизација.
- На сите деца на 14-годишна возраст, односно во завршното одделение на основното
училиште, кои претходно биле вакцинирани и ревакцинирани според Календарот за
имунизација."

Кхм. Ех бате Ване бате Ване.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43922
  • Il Moderatore
Еве ќе ти одговорам на прашањата:

- Едуцирај се малку за ризикот од Полио на балканската мигрантска рута: http://www.euro.who.int/en/health-topics/communicable-diseases/poliomyelitis
- Затоа што препораките на WHO не ја исклучуваат OPV, туку велат да се надополни со IPV (а тоа и се прави кај нас): https://www.who.int/immunization/diseases/poliomyelitis/inactivated_polio_vaccine/Key_mess_FAQs.pdf
- види одговор 2

Престани да шириш невистини, срамота е, возрасни сме :)
(слободно кликни на линковите, не се плаши...)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ви се промакнало нешто во cherry picking-от од препораките на СЗО: The global "OPV Switch" was successfully conducted worldwide in April 2016 – setting the stage for the eventual withdrawal of all OPV.
Немам сега време да ги чешлам препораките, можеби другпат. Иако не се сомневам дека промптно ќе биде игнорирано и тоа. :)


Закон за имунизација на РМ:
Службен весник на РМ, бр. 16 од 26.1.2018 година
...
"Задолжителна активна имунизација против детска парализа се врши со давање:
- Три дози вакцина против детска парализа со жива двотипна орална полио вакцина (во
понатамошниот текст: OPV2), и/ или мртва тритипнаинактивиранаполио вакцина (во
понатамошниот текст: IPV)
како поединечна или во состав на поливалентни вакцини како
примовакцинација.
- Една доза на OPV2 или IPV како поединечна или во состав на поливалентна вакцина,
како I (прва) ревакцинација.
- Една доза на OPV2 или IPV како II (втора) и III (трета) ревакцинација

Ајде сега друже - објасни ми, пошто не пишува во Законот на РМ, кој одлучува дали едно дете ќе добие OPV2 или IPV (читајте вакцина со жив или вакцина со инактивиран вирус)? Под каков надзор се прават тие одлуки? Транспарентни се, или се на дискреција на здравствените работници?
Објасни ми те молам во овој корумпиран систем, кои деца ги добиваат побезбедните вакцини!

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
"setting the stage for the eventual withdrawal of all OPV."

Не разбираш англиски или ? Да ти преведеме?

Закон за имунизација:
Доколку до навршените 12 месеци од животот вакцинацијата на детето не започнала со примена на прва доза
OPV, вакцинацијата против детската парализа се спроведува со давање на прва доза IPV, а продолжува после еден
месец со три дози OPV во препорачаните растојанија.
Во случаи на имунодефициенција и трајна контраиндикација за OPV вакцина, вакцинација против детска парализа се спроведува со IPV, со апликација на три дози,
на растојание кое не може да биде пократко од 4 недели.

Спин мајстор.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Спин?
Сакаш да кажеш дека одлуките за давање на IPV, односно вакцина со инактивиран вирус, се даваат исклучиво според Законот за имунизација? 
Зошто тогаш родителите се жалат дека за нивните болни и ранливи дечиња нема ацелуларни и IPV вакцини?

Спин? :)
Не е точно тоа дека корупција има како никогаш досега, не е вистина дека Здравството се распаѓа? Не е вистина дека пациенти умираат малтене секој ден од немање услови, од небрежност и немарност, па дури и деца и трудници?

Ај те молам раскажувај ми повеќе од приказната дека овде во оваа држава Здравството функционира одлично!

http://inbox7.mk/archives/1282
Цитат
Прочистените вакцини се за привилегираните

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Моето дете не доби шанса да се вакцинира со ацелуларна вакцина – Лили Величковска | Фото: НОВА

Клиниката за детски болести. Таму еднаш годишно се набавуваат по 1.500 дози ацелуларни, прочистени вакцини наменети за предвреме родените бебиња или. пак, за деца кои имаат кревко здравје, а нив може да ги примат само 500 деца од државата (по три дози за едно дете). Но, овие вакцини ретко ги добиваат тие деца на кои навистина им се потребни.

Четиринаесетмесечната Ева е родена предвреме со само 1.700 грама, но и покрај тоа не добила шанса да прими вакцина која не предизвикува компликации.

Нејзината мајка Лили Величковска раскажува дека за тоа кому ќе се дадат овие вакцини треба да одлучи посебна лекарска комисија, која, за жал, практично не функционира. По пет-шест месеци чекање, повторно отишла кај лекарката за да ја замоли нејзината ќерка Ева да ја прими вакцината.

– Таа ми рече не и не, мене ќе ме избркаат од работа! Зошто да ја избркаат од работа, затоа што сакам да вакцинирам дете кое е родено во 31. недела со 1.700 грама, изјави револтирано Величковска.

По безуспешно тропање од врата на врата, откако категорично била одбиена од клиниката, Ева со задоцнување од една година ја примила обичната, целуларна ДТП-вакцина (дитепер), која предизвикува висока температура, вознемиреност, но и разни други компликации кои со себе носат голем ризик.

Величковска обвинува дека многу деца кои се предвреме родени или имаат здравствени проблеми немаат можност да ги примаат овие вакцини, бидејќи со помош на ургенции голем дел од нив им се даваат на здрави деца.

Во една пригода со една медицинска сестра од Детската клиника, кога ја прашав: „Добро за кого се наменети овие вакцини? –  таа револтирано ми одговори: „За деца на партиски моќници, политичари, бизнисмени, актери, на пејачи“ – изјави огорчено Величковска.

Неофицијално, од вработени на Клиниката кои сакаа да останат анонимни, дознаваме дека често доаѓаат луѓе на раководни функции, наводно со препораки од некои структури, ги заплашуваат медицинските сестри и лекарите дека се испратени од „горе“ и тие во страв им ставаат вакцини на нивните деца.

– Мене ме испрати висок функционер во едно  министерство за моето дете да прими ацелуларна вакцина. Веднаш ќе се јавам таму ако не му ја дадете вакцината на детето,  се заканувал  пред некој ден еден господин на медицинскиот персонал на Одделот за имунологија,  дознава БИРН од извори во болницата.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43922
  • Il Moderatore
Van, да не работиш за Миленко случајно еј? Земјата рамна е? ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
Спин?
Сакаш да кажеш дека одлуките за давање на IPV, односно вакцина со инактивиран вирус, се даваат исклучиво според Законот за имунизација? 
Зошто тогаш родителите се жалат дека за нивните болни и ранливи дечиња нема ацелуларни и IPV вакцини?

Спин? :)
Не е точно тоа дека корупција има како никогаш досега, не е вистина дека Здравството се распаѓа? Не е вистина дека пациенти умираат малтене секој ден од немање услови, од небрежност и немарност, па дури и деца и трудници?

Ај те молам раскажувај ми повеќе од приказната дека овде во оваа држава Здравството функционира одлично!
[quote author=Van link=topic=3759.msg1075204#msg1075204 date=1546943535

Никаде не пишав дека ни цвета здравството. Се служувам дека е дното.

Ама лажеш батко и спинуваш на велико. Секој ебан пост ти е ист, почнуваш со едно, па кога ќе ти укаже некој конкретна грешка се префрлаш на друго и генерализираш.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Моето си ги прими сите вакцини. Не ми правеа никаков проблем.
Мене ме чуди зашто луѓево одбивваат да ги вакцинираат децата.
Демек читнале некоја глупост на интернет и сега не ги вакцинираат децата.
страшно е во задно време што многу луѓе не веруваат во денешнава медицина, и нашиве доктори.
 
Абе кога не боли заб или кога ќе треба да вадиме заб не го вадиме со клешта дома туку одиме на стоматолог.
Ако бивало така сами да се лечиме сите ќе сме го правеле тоа.

треба повеќе да ги почитуваме докторите и да се развие една доверба помеѓу пациент и доктор. Видов пред неколку дена мајка во аптека со болно мало дете и и кажува на аптекарката како демек детето не може да и се оправи, и што све не пробала уште кашла.
На доктори не верувала и читала од интернет на природна база лекови.

Ќе си ги упропастиме децата вака
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Јас пример не сум против вакцините и го вакцинирам моето дете. ММР уште нема примано но ќе прима но по регуларен пат не во овој хаос.

Инаку 200 години истражување да и можеби имам доверба во вакцината како лек но немам доверба во нашите вакцини и нашиот здравствен систем.

Од обична БСЖ вакцина со ќерка ми завршивме месец и пол на козле бидејќи практично беше заразена со туберколоза среќа не се спушти сето тоа на градите туку остана локално па преврски, вадење течности и сл. глупости на 4 месечно дете....

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Никаде не пишав дека ни цвета здравството. Се служувам дека е дното.

Ама лажеш батко и спинуваш на велико. Секој ебан пост ти е ист, почнуваш со едно, па кога ќе ти укаже некој конкретна грешка се префрлаш на друго и генерализираш.

Лажам?

Бојан Ј, твое право е да мислиш дека лажам.
Но сосема друга работа е да докажеш дека лажам. До тогаш ова е само банална клевета.

Признаваш дека Здравството е на ДНО, ама истовремено тврдиш дека Имунолошкиот оддел не работи по истите принципи на корупција, немарност и неоодговорност?
Сосема нелогично. И очигледно погрешно.


Инаку смешни сте, не само ти, туку мнозинството овде кое се обидува овде да ја застапи тезата дека системот (Здравството) функционира како што треба и со вакцинацијата е се како што треба. На сите укажани аргументи од моја страна вашите одговори се сведуваат на Ад Хоминем.

Повеќе ме коментирате мене и мојата маленкост, отколку што ми ги коментирате аргументите.
Ти без аргументи ме обвинуваш дека лажам. Симо нешто го спомнува Миленко и рамна Земја и од ракав лепи некои таму антиваксер етикети, а Влатче дојде до тоа да лепи слики со тестиси... Мислам навистина до кој фалус отиде нивото на дискусијава?  :D
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)




Присутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3042
Никаде не пишав дека ни цвета здравството. Се служувам дека е дното.

Ама лажеш батко и спинуваш на велико. Секој ебан пост ти е ист, почнуваш со едно, па кога ќе ти укаже некој конкретна грешка се префрлаш на друго и генерализираш.

Лажам?

Бојан Ј, твое право е да мислиш дека лажам.
Но сосема друга работа е да докажеш дека лажам. До тогаш ова е само банална клевета.

Признаваш дека Здравството е на ДНО, ама истовремено тврдиш дека Имунолошкиот оддел не работи по истите принципи на корупција, немарност и неоодговорност?
Сосема нелогично. И очигледно погрешно.


Инаку смешни сте, не само ти, туку мнозинството овде кое се обидува овде да ја застапи тезата дека системот (Здравството) функционира како што треба и со вакцинацијата е се како што треба. На сите укажани аргументи од моја страна вашите одговори се сведуваат на Ад Хоминем.

Повеќе ме коментирате мене и мојата маленкост, отколку што ми ги коментирате аргументите.
Ти без аргументи ме обвинуваш дека лажам. Симо нешто го спомнува Миленко и рамна Земја и од ракав лепи некои таму антиваксер етикети, а Влатче дојде до тоа да лепи слики со тестиси... Мислам навистина до кој фалус отиде нивото на дискусијава?  :D
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)





Докажавме дека лажеш, ти пративме доказ за СЗО и препораките. Пишува дека "полека се спрема терен за целосно отфрлување на OPV". Не пишува "се препорачува отфрлање на OPV" како што испинува.
Simo ти докажа и зошто е тоа така за балканските земји.

Огледало имаш ли дома?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Па пред некоја страна го постирав.


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10988
  • 430i
Другар, навистина не знам како стојат работите со материјалите од кои се изработени вакцините... најверојатно се добри и ги користат.

Самата дефиниција на името целуларни вакцини, на жалост не кажува доволно.
Претпоставувам дека е редно да објаснам.

@MartinAlfista друже слушај внимателно, те молам. За да не навијаш како навивач без да знаеш за што зборуваме. И впрочем и Симо, и Дени, и сите други кои работиве ги тераат од навијачки аспект. Демек „про-наука“ е да веруваш во пропаганда, наместо да бидеш љубопитен и секогаш да се обидуваш да научиш нешто повеќе.

Но не сакам да ве антагонизирам. Само сакам да објаснам... Затоа ајде со ред.

Прво, содржината на вакцините може да бидат мртви или живи вируси... Споредбата за ефикасноста не е спорна, ефикасни се и двете. Тоа што малку се знае е дека вакцините со живи вируси предизвикуваат многу повеќе лоши последици  - а лоши последици постојат, иако Симо би сакал да ве убеди во лагите со кои го излажале него.

Значи сега зборуваме за тоа кои се побезбедни вакцини.
Воопшто не зборуваме да не се вакцинираат децата. Зборуваме за избегнување на вакцини со живи вируси.

Уште еднаш, многу побезбедни се вакцините со инактивирани (фенски медицински назив за МРТВИ) вируси.
Но тоа не е се, пошто фантастичната, фината, преубава, НАУКА... Таа не запрела со развојот со пронаоѓањето на вакцините со мртви вируси. Напредоците во медицината се дојдени до таму да за многу вируси се иденетифицирани конкретните антигени кои го предизвикуваат имуниот одговор на организмот, и складирање на дата за вирусот во базата на податоци за вируси, на имуниот систем. Инаку сега е право време да се погледне јутјуб видеото што го покажа Дени, за илустрација на тоа како работи имуниот систем (сипаниците се опишани во тоа конкретно објаснување).

Тие вакцини кои не само што немаат живи вируси во себе, туку немаат ни цели клетки од мртви вируси, тие вакцини се нарекуваат „пречистени“ или АЦЕЛУЛАРНИ ВАКЦИНИ.
Во ацелуларните вакцини ги има само конкретните антигени кои се доволни за да се развие имунитет кон дадениот вирус - БЕЗ НЕСАКАНИ ПОСЛЕДИЦИ. Ова последново е намерно со големи букви, затоа што последици ИМА. Последици има кај некои деца, без разлика што пропагандата кажува дека „процентот бил многу мал“.

Ацелуларните вакцини се најбезбедните вакцини. Прашувајте за нив, барајте ги нив. Правете притисок за само такви вакцини да се употребуваат. Или во најмала рака, вакцини со инактивирани (мртви) вируси.

Пред да ви го покажам следново видео најдолу, како илустрација што се случува некогаш кога се дава вакцина со жив вирус... Само да ве информирам дека нашето здравство купува мала количина од ацелуларни вакцини. Званичното објаснување е дека тие се за болни и ранливи дечиња. Но тоа како и многу друго, е лага. Најквалитетните вакцини се само за куртоните од власта, од елитата. Обичен смртник не може да припари до нив, без разлика дали има болно или ранливо дете. Без разлика што тој самиот ПЛАЌА ЗА ТИЕ ВАКЦИНИ, преку данокот што го зема државата.

Нејсе, еве го прво видеото со несреќното детенце кое од прва рака ќе ви покаже дека ПОСТОЈАТ НЕСАКАНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕКВАЛИТЕТНИ ВАКЦИНИ.

Понатаму само ќе покажам еден новинарски текст за состојбата со ацелуларните вакцини кај нас во Македонија:
http://inbox7.mk/archives/1282
(текстот оригинално е објавен во Призма, но таму повеќе го нема)

Цитат
ПО ВАКЦИНИ ВО СОСЕДСТВОТО НА СОПСТВЕН РИЗИК

Македонија е единствената земја во Европа каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Малото количество прочистени вакцини сега се даваат на привилегираните, а обичниот народ бара спас купувајќи во соседството
Напишано од Менче Точи

Текстот е изработен како дел од Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија ● Овој проект го спроведува БИРН Македонија, во соработка со  Центарот за граѓански комуникации, Центарот за истражувачко новинарство „СКУП Македонија“, истражувачката емисија „Код“ и дневниот весник „Коха“.

 

pregled1
Само до 18 месеци децата се боцкаа 13 пати | Фото: НОВА

 

Македонија е единствената земја во Европа каде што децата се вакцинираат со обични вакцини кои одамна се исфрлени од употреба. Пристапот до поливалентни, но и т.н. ацелуларни, високо прочистени вакцини, кои не предизвикуваат компликации за македонските граѓани се најавува дури од пролет идната година. Во меѓувреме малото количество прочистени вакцини сега  се даваат на привилегираните, а обичниот народ бара спас купувајќи во соседството.

Истражувањето на БИРН покажа дека купувањето на модерни, поливалентни вакцини во странство, најчесто во Србија и Грција, стана редовна практика, но и нелегален бизнис. Поединци заработуваат, лекарите замижуваат и во договор со родителите им ги ставаат на децата, а надлежните предупредуваат дека таквите вакцини се ризични поради недостаток од контрола при транспортот.

БИРН стапи во контакт со родители кои за своите деца купиле вакцини во некоја од соседните земји. Една млада мајка, која не сакаше да го откриеме нејзиниот идентитет, раскажува дека вакцините ги купила регуларно во аптека и во договор со лекарот децата ги вакцинира во некоја од амбулантите.

– Јас вакцините ги купив во Грција. Таму ми ги ставија во фреон, а потоа во алуминиумско ќесе. Патот не е долг, за 2-3 часа сме во Скопје и затоа не мора да стравуваме дека вакцината ќе загуби од својот квалитет. Во договор со лекарот, моите деца ги примаат вакцините во една од поликлиниките во Скопје, објаснува мојата соговорничка.

Децата во Македонија се бомбардирани со вакцини уште од моментот на своето раѓање, а ревакцинацијата продолжува до 14 години. Имунизацијата се врши за заштита од 11 болести. Машките деца до своето полнолетство имаат 18 боцкања, девочињата примаат дури 21 вакцина преку игла, а сите добиваат шест пати полио преку уста. Само до 18 месеци децата се боцкаат 13 пати

Таа открива дека цената на една петвалентна вакцина е околу 50 евра, а шествалентната ја купила за 60 евра. За вакцината против пневмококтни инфекции, која е задолжителна во европските земји, платила околу 50 евра. Оваа млада мајка вели дека и покрај високиот износ што го платила за вакцините, задоволна е што нејзините две деца примиле современи вакцини.

Во Министерството за здравство  потврдуваат дека знаат за оваа појава и предупредуваат на опасноста којашто доаѓа со нелегалното внесување на вакцините кои не се регистрирани во нашата земја.

Доктор Јованка Костовска, од Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, за БИРН вели дека оваа појава полека прераснува во нелегален бизнис. Костовска објаснува дека родителите нарачуваат вакцини по поединци кои ги купуваат во соседните земји, тие набавуваат за повеќе луѓе и со тоа заработуваат. Таа предупредува дека родителите со оваа постапка го изложуваат на голем ризик здравјето на своите деца.

jovanka kostovska
Купувањето вакцини во странство стана нелегален бизнис кој носи ризик за децата – Јованка Костовска | Фото: Менче Точи

– Луѓето не знаат како се чувани вакцините во аптека, можеби стојат во обични фрижидери, а што ако во некој момент снемало струја? Не е сигурен ниту транспортот, ако патроните во рачниот фрижидер се замрзнати, тогаш замрзнува и вакцината. Вакцините се чуваат на температура меѓу 2 и 8 степени, таа не смее да биде ниту повисока ниту пониска, бидејќи може да предизвика несакани реакции или да нема никаков ефект по примањето, како да е обична вода, објаснува Костовска за БИРН.

И професорката Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет предупредува дека ниските температури што мораат да бидат обезбедени при транспорт на одредени вакцини, можат да влијаат и врз нивната исправност кога родителите на своја рака ги купуваат вакцините.

– Ова може да резултира со намалување на ефикасноста на вакцината или на нејзината безбедност, вели Грозданова.

Во Министерството порачуваат дека е подобро родителите да причекаат да се увезат поливалентните вакцини бидејќи во тој случај државата ја презема одговорноста за сигурноста на вакцините. При нелегалното внесување,  одговорноста е на родителите и на лекарот кој ја дава вакцината.

Меѓу првите со вакцина за ХПВ, последни со поливалентните

Македонија е единствена земја во Европа која задолжителната имунизација не ја модернизирала со децении. Вакцините кои ги примале нашите мајки и баби сè уште ги примаат денешните млади генерации. Здравствените власти поливалентните вакцини ги најавуваат уште од 2010 година.

ministerstvo za zdrastvo
Македонија е единствена земја во Европа која задолжителната имунизација не ја модернизирала со децении. Во Министерството велат дека заради големата побарувачка за овој тип вакцини, тие во Македонија ќе стигнат најрано до март – април идната година | Фото: Менче Точи

Министерот за здравство Никола Тодоров пред извесно време најави дека годинава ќе бидат набавени овие вакцини и дека набрзо ќе биде распишан и тендер. Но, во Министерството велат дека заради големата побарувачка за овој тип вакцини, тие во Македонија ќе стигнат најрано до март – април идната година.

Оттаму, истовремено велат дека Владата мора да гарантира дека во наредните пет години ќе се обезбедуваат финансиски средства за овие вакцини.

Што се однесува пак до квалитетот на вакцините, во Министерството за здравство велат дека вакцините што се набавуваат се безбедни и квалитетни. Сепак, во последните неколку години на тендерите добиваат понудувачи кои нудат најниски цени. Тоа е така бидејќи стратегијата што уште на почетокот од своето доаѓање ја промовираше министерот за здравство Никола Тодоров е дека на тендерите пресудна ќе биде цената, а не квалитетот.

И додека за поливалентните вакцини се калкулира со година поради цената, Македонија беше меѓу првите земји во светот која  ги увезе во 2009 година вакцините против ХПВ вирусот и тоа за кратко време откако вакцините беа одобрени за употреба, по што веднаш кај нас станаа задолжителни.

Набргу се покажа дека имунизацијата со овие исклучително скапи вакцини,  наменети за девојчињата од 12 години, доживеа целосно фијаско. Опфатот на вакцинирање со оваа вакцина е нешто над 40 насто.

– Купувањето на вакцини во странство и не е толкав проблем. Поголем проблем е тоа што државата увезува нови, скапи вакцини кои се купуваат заради бизнис-интереси на одредени фармацевтски моќници со власта, како што е примерот со набавката на вакцините против ХПВ, вели млада мајка која купува вакцини за своите деца во странство.

Таа, како и некои од родителите кои исто така со вакцини се снабдуваат во странство, ни посочи дека вакцините против ХПВ чинат исто толку колку што би чинело комплетно да се модернизира имунизацијата во државата. Но, за здравствените власти ова прашање очигледно досега не беше на дневен ред.

Прочистените вакцини се за привилегираните

lili velickovska
Моето дете не доби шанса да се вакцинира со ацелуларна вакцина – Лили Величковска | Фото: НОВА

Единствено место во Македонија каде што се набавуваат поливалетни вакцини е Клиниката за детски болести. Таму еднаш годишно се набавуваат по 1.500 дози ацелуларни, прочистени вакцини наменети за предвреме родените бебиња или. пак, за деца кои имаат кревко здравје, а нив може да ги примат само 500 деца од државата (по три дози за едно дете). Но, овие вакцини ретко ги добиваат тие деца на кои навистина им се потребни.

Четиринаесетмесечната Ева е родена предвреме со само 1.700 грама, но и покрај тоа не добила шанса да прими вакцина која не предизвикува компликации.

Нејзината мајка Лили Величковска раскажува дека за тоа кому ќе се дадат овие вакцини треба да одлучи посебна лекарска комисија, која, за жал, практично не функционира. По пет-шест месеци чекање, повторно отишла кај лекарката за да ја замоли нејзината ќерка Ева да ја прими вакцината.

– Таа ми рече не и не, мене ќе ме избркаат од работа! Зошто да ја избркаат од работа, затоа што сакам да вакцинирам дете кое е родено во 31. недела со 1.700 грама, изјави револтирано Величковска.

По безуспешно тропање од врата на врата, откако категорично била одбиена од клиниката, Ева со задоцнување од една година ја примила обичната, целуларна ДТП-вакцина (дитепер), која предизвикува висока температура, вознемиреност, но и разни други компликации кои со себе носат голем ризик.

Величковска обвинува дека многу деца кои се предвреме родени или имаат здравствени проблеми немаат можност да ги примаат овие вакцини, бидејќи со помош на ургенции голем дел од нив им се даваат на здрави деца.

Во една пригода со една медицинска сестра од Детската клиника, кога ја прашав: „Добро за кого се наменети овие вакцини? –  таа револтирано ми одговори: „За деца на партиски моќници, политичари, бизнисмени, актери, на пејачи“ – изјави огорчено Величковска.

Неофицијално, од вработени на Клиниката кои сакаа да останат анонимни, дознаваме дека често доаѓаат луѓе на раководни функции, наводно со препораки од некои структури, ги заплашуваат медицинските сестри и лекарите дека се испратени од „горе“ и тие во страв им ставаат вакцини на нивните деца.

– Мене ме испрати висок функционер во едно  министерство за моето дете да прими ацелуларна вакцина. Веднаш ќе се јавам таму ако не му ја дадете вакцината на детето,  се заканувал  пред некој ден еден господин на медицинскиот персонал на Одделот за имунологија,  дознава БИРН од извори во болницата.

detska klinika
Единствено место во Македонија каде што се набавуваат поливалетни вакцини е Клиниката за детски болести | Фото: Менче Точи

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, иако ни вети изјава, не ја коментираше ваквата состојба, но во една прилика, пред една година, таа призна дека има големи притисоци и ургенции за овие вакцини.

– Кога ќе почнат да притискаат, мене ми е дури и непријатно, знаејќи дека имаат предност деца кои поминале низ интензивна нега или имале некој проблем, се наоѓам во непријатна ситуација, изјави тогаш Софијанова.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека децата што примиле вакцини од странство се водат како вакцинирани, а податоците се внесуваат во картонот за да не се случи грешка повторно да бидат вакцинирани. Но, нагласуваат дека одговорноста во овие случаи е кај лекарот кој се согласил да го вакцинира детето.

Стравот го намалува опфатот на вакцинирањето

Борбата на родителите нивните деца да добијат т.н. „прочистени“ вакцини како и отпорот кон вакцинирањето, воопшто, се засилуваат пропорционално со кампањата против вакцинацијата која глобално ескалира. Случаи на смрт на доенчиња по вакцинирањето во Македонија официјално не се регистрирани.

Според официјални податоци добиени  од Министерството за здравство во Македонија не е регистриран  ниту еден смртен случај како резултат од примена вакцина. Минатата година имало регистрирано 40 несакани реакции, со висока температура, алергиска реакција на кожата, 2-3 случаи со конвулзии и грчеви

Сепак, Бранко Тркалески од прилепското село Заположани, сè уште се прашува од што почина неговото внуче, веднаш  по примената вакцина против БСЖ.  На новороденчето три дена по раѓањето медицинската сестра му ставила  вакцина во сон,  по што никогаш не се разбудило. Тркалески раскажува дека во добиениот обдукциски наод не пишува од што починал неговиот штотуку роден внук.

– Ние ги собравме сите податоци од матичниот гинеколог од каде што се гледа како се одвивала  бременоста и дека внук ми се роди здрав. Министерот Тодоров сè уште  не ми одговори од што почина моето внуче. Затоа решивме да покренеме судска постапка против болницата во Прилеп, изјави Тркалески.

Овој случај кај родителите отвори многу прашања и дилеми. Дали вакцините во државата се квалитетни и безбедни, предизвикуваат ли зачестени несакани ефекти и колку се запазува рокот на траење? Дали вакцините се избираат според квалитет или според цената?

Овој случај дополнително ја засили кампањата која  заговара антивакцинација. Главните аргументи против вакцинирањето се тврдењата дека тие предизвикувале разни оштетувања и болести кај децата поради нивниот состав во кој има жива, алуминиум и формалдехид.

На оваа кампања, која добива сè поголеми размери, се придружуваат сè повеќе родители, но има и лекари, фармацевти и хомеопати. Во Здружението на родители кои се против вакцинацијата велат дека надлежните ги  држат во тајност податоците од штетните ефекти од вакцините. Сепак, ниту еден претставник од ова Здружение со кој контактиравме не сакаше да излезе јавно со аргументирани податоци.

– Само една од мајките се бори со институциите, другите се плашат. Но, еве и таа не може да најде лекар кој ќе го изработи вештачењето за на суд , велат од Здружението.

Група родители годинава поднесоа претставка до Уставниот суд за да се укине задолжителната вакцинација. Родители од Здружението„Право на избор, слобода над сè“ од Државната и санитарна инспекција бараат да му наложи на Министерството за здравство да утврди унифицирана современа постапка, со која родителите детално ќе се информираат за позитивните и негативните ефекти од вакцините.

Од друга страна, пак, професорката Грозданова вели дека возраста на децата кога се примаат повеќето од вакцините, е периодот кога кај нив се забележуваат и првите состојби кои се асоцирани со аутизам.

– Ваквата т.н. коинциденција на здравствената состојба, кога заболувањето се јавува во одреден временски период по примање на вакцината, не значи дека вакцината е таа  што го предизвикала заболувањето, вели Грозданова.

Од Здружението на родители против вакцинацијата тврдат   дека имаат податок дека шест деца се заболени од дијабетес по примањето на МРП вакцина, а за шестмесечно бебе од Битола велат дека починало како резултат на дитепер вакцина

– Новите научни сознанија упатуваат на постоење на одредени генетски фактори кои се асоцираат со аутизмот. Пред само неколку недели во еминентното научното списание „Вакцини“ (Vaccines, од 9. 5. 2014 год) беа објавени резултатите од обемна мултицентрична клиничка студија, во која беа опфатени над еден милион деца, која без сомнение потврди дека не постои поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот. И други состојби и заболувања, како дијабетесот и одредени невролошки заболувања се асоцираат со примањето на вакцини, но не постојат научни студии кои тоа можат да го потврдат, изјави Грозданова.


Официјалните податоците од Институтот говорат дека опфатот на вакцинацијата против  мали сипаници, рубеола и заушки (МРП) на ниво на држава е релативно висок и изнесува 96,1 %.  Меѓутоа, веќе се забележува намалување во Скопје, каде што опфатени се  94,6 %, Тетово 94,1 % и Крушево во со 93,4 % од децата. Ревакцинацијата со вакцината против МРП на ниво на држава е 94,2 %, а најмал одѕив има во Гостивар со 85,2 %.

Со ДТП-вакцинација (против дифтерија, тетанус и голема кашлица)опфатот на ниво на држава  е 98,2 %, но со секоја наредна ревакцинација има забележително намалување. Во таа смисла драстични примери се Штип, со опфат од 77,6 % во трета и Гостивар со 83,3 % во четврта ревакцинација.

За оние родители кои нема да ги вакцинираат своите деца, законот предвидува глоба од 300 до 650 евра, но ако родителите се јават на постапка на порамнување, казната се намалува за половина од овој износ.

Преземено од Призма
Јако изгледа олкав реферат цитиран ;D

интермецо