Имаш секакви случаи.
- Имаш такви што немаат критичко мислење за ништо што доаѓа од „авторитетите„ (државата, а всушност елитата која ја управа државата).
- Имаш такви кои јавно се спротиставуваат на вакцинирањето заради внимание и публицитет, и притоа заработуваат од тоа (преку продавање на книги, или хомеопатски лекови, или се новинари/блогери кои заработуваат од посетеност и внимание).
- Имаш такви што генерално не се против вакцинирање, но се против комбинирање на повеќе вакцини во една (нешто што се прави само заради поголем профит на фармацијата, и не е докажно дека безбедно). Исто ваквите се често и против релативно непотребни вакцини, како на пример вакцини против стомачен грип или сезонски грип или дури и релативно полесните вирусни заболувања како сипаници, заушки, итн...
Пошто ретко што во светот е јасно ограничено, па така имаш и луѓе што се некаде измеѓу наведенети три категории.
