Па и не е така лошо здравството, гледајте малку на добрата страна, чекаш 2 саата во чекална каде ако надвор е -10 во чекалната е -5 ама пошто дува од прозорите имаш чувство дека е -50, детето со температура 39 или толку имало кога си го донел на лекар сега иди измери му ако можеш.
Ама затоа во тие два саати ќе дознаеш за нови искуства, ќе стекнеш нови пријателства, па после може и превоз да си делите накај клиника, па после и таму да се изначекате.
Последниве неколку пати на лекар се среќавам со едни измучени души ко нас децата ни се месец дена разлика, толку станавме блиски што здравје кога ќе дојде ред за второ дета планирам за кумови да ги поканам, зимава пвеќе се гледам со нив и поише муабети со нив имаме направено отколку со кумовите.
И после лошо ни било здравството, како па да не.