Сигурен сум дека името на хирургот ќе исцури, сега кога веќе излегоа работите во јавност. Тоа што не сум сигурен, е дека истиот ќе одговара кривично... како што единствено е праведно.
Само една исправка на бомбастичниот наслов од жолтата штампа. Не е дека хирургот „по грешка и го зашил аналниот отвор со вагината„, на пациентката. Туку (јас колку што разбирам) заради грешки во операцијата и компликации подоцна, настанал отвор меѓи ѕидовите на дебелото црево и вагиналниот простор, плус настанало и затнување (или што веќе е тоа rectal stump) на дебелото црево.
Не се само што хирурзите од незнаење направиле големи грешки во операцијата, туку и не ги согледале истите подоцна. А кога жената се пожалила на дефецирање од вагина... идиотиве ЈА ЛАЖЕЛЕ дека тоа е најнормално. Тука се разбира, и пациентката има одговорност, пошто треба навистина да е многу проста за да дозволи некој да ја убеди во тоа дека дефецирање од вагина е нормална работа.
Поголем проблем за кој треба да се зборува, се реформите во здравството, со кои се охрабруваат хирурзи да прават процедури за кои не се доволно и соодветно едуцирани. Ова во комбинација со сомнителната постоечка едукација (сите се нечии синчиња и ќеркички), носи ситуација во која довербата во здравството е навистина доведена во прашање.