Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1738505 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1860 на: 13 Октомври 2013, 17:28:34 pm »
500 евра + 50 евра приклучок
По ново е 1000, а 500че е одвојување.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1861 на: 13 Октомври 2013, 17:42:27 pm »
Па па па ... е ова не сум знаел :/ Па од кога бе мамицу им ... ц ц ц И комуналиите поскапеа ...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1862 на: 13 Октомври 2013, 19:04:54 pm »
Имав слушано суми од 500,1000,1500 па и 1700 и на крај изгледа ке дознаам кога ке дојди денот(а треба да дојди за скоро се надевам).Инаку Џиџи баш најмногу и на тебе се надевав за одговор.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1863 на: 13 Октомври 2013, 19:28:31 pm »
Највероватно има разлика во кој реон си и колку си далеку од бандерата.

Џиџи тазе ставаше, ама ќе си прашаш најубо локално во ЕВН.
Јас ставав во Битола пред 1 год, ако сакаш да прашам по дома колку платија?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1864 на: 13 Октомври 2013, 19:48:47 pm »
Осмица,ионака сам си пушташ кабел до бандера,значи кабел,копање и затрупување е на твој трошок,али него го тргаме настрана,ме интересираше колку се плаќа за да почнат да ти стигаат сметки. :D
Ова со реонот,за комуналии знам дека оди по реони али и за струјата не ми се верува,али кај нас се е можно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1865 на: 13 Октомври 2013, 21:18:31 pm »
Имав слушано суми од 500,1000,1500 па и 1700 и на крај изгледа ке дознаам кога ке дојди денот(а треба да дојди за скоро се надевам).Инаку Џиџи баш најмногу и на тебе се надевав за одговор.


наместо џиџи, прашај директно некој кој е во срцето на бзззз фирмата.... на пример гојдо...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1866 на: 13 Октомври 2013, 21:34:53 pm »
Имав слушано суми од 500,1000,1500 па и 1700 и на крај изгледа ке дознаам кога ке дојди денот(а треба да дојди за скоро се надевам).Инаку Џиџи баш најмногу и на тебе се надевав за одговор.


http://www.evn.mk/getdoc/8d3130d1-26c0-4127-8536-46529ff791a8/Cenovnik-za-uslugi-23-08-12.aspx

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1867 на: 13 Октомври 2013, 21:58:03 pm »
Гојдо слабо е активен,а еве и ценовник,така да тоа е тоа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1868 на: 14 Октомври 2013, 08:43:14 am »
Колата му чури и продава басни на форум-еве ти без шифри. :)

кога го прочитав ова со чурењето на колата таман помислив дека се работи за мене, но после ова со басните више не сум сигурен.

Шега на страна, дури сега го читам сево ова.

Освен некои безначајни ситници, ЗАДОВОЛЕН СУМ од завршената работа. Договореното беше направено БРЗО и КВАЛИТЕТНО, а измените во планот кои се случија среде работа (на мое барање!) беа без збор прифатени од страна на изведувачот и немаше никакви проблеми. Во текот на целата операција деталите беа комуницирани со мене како клиент, но и покрај тоа изведувачот ја задржа потребната доза на самостојно одлучување за една цела низа прашања за кои јас, како лаик, не сум стручен. Точно она што го очекувам од менаџер.

Пред почетокот на реновирањето се изнаслушав секакви хорор приказни поврзани со изведувачи на слични проекти. Јас не видов ништо од тоа. Да, имаше некои ситни недоразбирања, што е и очекувано, но истите се однесуваа на несуштински делови од проектот (на пр. како да биде изведен рукохватот од скалите бла бла...) и - сеедно - недоразбирањата беа разрешувани брзо, без тупење.

Резултатот е извонреден. Куќата е препородена. Ко нова куќа.

Дали би го препорачал осмица на друг? Да! Пред една година имав ДАЛЕКУ повеќе проблеми и нервози при најобична поправка на пукната цевка под куќата. А оваа операција чија комплексност е неспоредливо поголема помина многу мазно. Да повторам, суштинските, критични зафати беа изведени БРЗО и КВАЛИТЕТНО.

Ја користам оваа пригода уште еднаш да му се заблагодарам на осмица8 за ангажманот, вниманието и постигнатите резултати. Не верувам дека постоеше начин сето ова да се направи побрзо и подобро.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1869 на: 18 Октомври 2013, 13:15:01 pm »
Дали некој од вас се грее на пелети и какво искуство има со нив.
Конкретно ме интересира котел на пелети, за одприлике 170 квадрати. Значи котел, а не камин кој може да се користи како котел.
Првично би се грееле околу 80 квадрати, а оние другите ги оставам за догледно време, година, две, три.
Одприлика тоа би му дошло некој си 24 киловати моќност.
Колкава реална потрошувачка би имал со пелети на час изразени во килограми?
Дали карактеристиките кои се наведени во упатствата кореспондираат со оние во пракса...

Конкретно го гледав следниот  модел на котел кој некако највеќе ми одговара
http://www.ecospar.com.mk/all_content/specs_mk_en_gr_al_sr/AurigaMK.pdf
И по потрошувачка и по тоа какви карактеристики има, вклучувајќи ги и димензиите на истиот, бидејќи сум малку ограничен со простор во кој треба да го сместам.
Инаку заборавив да кажам она најважното, односно дека куќата е изолирана со стирпор и има демит фасада. Нормално и ПВЦ дограма.

Еве што ми кажа пријател, од минатото зимо се на пелети. (цифрите се ориенатациони)

Печката ја платил околу 2,500еур, и не камин, во подрум му се наоѓа.
За минатата зима земал 3 тони пелети, околу 33.000ден. со тоа што не ги потрошил сите, му остале (не ми кажа колку) на крајот грејната сезона. Е сега прошлото зимо не беше кој знае какво.
Грее 150м2. Ми кажа само дека нон-стоп било уклучено греењето за да одржува температура, а кога сите се дома појачувале. Тој и жена му работат, но татко му се мотка по дома стално :)
Куќата е новоградба со сите изолации кои сега се практикуваат.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1870 на: 18 Октомври 2013, 16:33:43 pm »
И јас сум на ум за ставање котел на пелети, мислењата околи нив се поделени, но веројатно ќе останат пелети. Вчера баш се видов со СалеСК на Технома и поразговаравме околу ова па ми спомна дека има некоја нова идеја со најскапиот електричен котел од Ваилант, дека е доста економичен со оглед на тоа дека е на струја. Има ли некој што преминал од струја на пелети, или пак обратно? Какви се искуствата со пелетите. Станува збор за куќа во која ќе се греат одприлика 150-180 квадрати но сите дома сме навикнати на доста ниска температура т.е. не сме воопшто зимурлии :) Куќата е со нова термо фасада и ПВЦ дограма.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1871 на: 18 Октомври 2013, 17:02:39 pm »
Јас знам само дека добар дел од куќите во Германија се греат на пелети :)

А простата математика вели дека јас лани за парно сум платил 50.000ден. за 61,7м2 колку што се греат.
Колегата за 150м2, 33.000ден. Ми иде да си плачам во ВЦ, со изгасено светло.
 

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1872 на: 18 Октомври 2013, 17:07:38 pm »
Toj ne platil 33.000.

Investiral 150.000 + 33.000. Plus sistemot za parno, ama toj mozebi ho imal veke.
A ti si platil 50k vo stan.




Ги гледав оние топлинските пумпи за парно. Нешто налик котел ќе му дојде, само со барем 2-3 пати помала сметка за струја при 0 степени целзиусови.



Што велите? Тоа му доаѓа како надворешниот дел од клима уред, моќност 25KW потрошувачка 11-12KW. A се врзува наместо котелот.
« Последно менување: 18 Октомври 2013, 20:45:28 pm Deni »

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1873 на: 18 Октомври 2013, 21:36:58 pm »

Што велите? Тоа му доаѓа како надворешниот дел од клима уред, моќност 25KW потрошувачка 11-12KW. A се врзува наместо котелот.

Ова е она по билборди што го има? Дајте некој сајт, линк да читнеме тро.

Митингов личи дека е копија на ова - http://www.stiebel-eltron.co.uk/company/press/press-releases/current-releases/24586/

PS Какво глупо име - Meeting. На македонски митинг. А тоа никогаш не е на арно...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1874 на: 18 Октомври 2013, 23:44:58 pm »
Како што кажа Саше, се видовме на саем...
Искрено јас сум разочаран од се она што го видов по саемон...Све помалку и помалку се излегува на саемиве, веројатно многу е скапа реклама, а фирмите имаат се помалку пари за маркетинг...
Е сега он топик...
Малку размислував, малку рачунав па полека почнувам да доаѓам до некој заклучоци, односно решенија кој се во моментот за мене најповолни, можеби и не најисплатливи.
1.Ке почнам со муабетот на Дени за топлотните пумпи. Ги видов, и можам да кажам дека тие се едни од најекономичните решенија, но можеби и не најдобрите. Најекономични затоа што како топлински пумпи трошат малку, а се добива релативно доста за таа мала вложена моќност. Користат инверторски компресори, исто како кај инвертор клима уредите. Позитивно е тоа што многу помалку трошат, негативно е тоа што се ограничени на работна температура, веројатно до -15, претпоставувам, а со самото тоа им се намалува и ефикасноста...На пониски температури влегуваат во дифрост почесто одколку што работат ефективно...Ова е моја претпоставка, значи не сум 100% сигурен. Водата можат да ја загреат до 60 степени, што во принцип е одприлике тука некаде за да се добие задоволително греење на веќе постоечкиот систем. Друга негативност е високата цена, односно одприлике 6500 евра за топлинска пумпа која би опслужувала некој си 150 до 180 квадрата и тоа само за греење, а доколку сакаме да има можност и за ладење преку истиот систем, цената ке биде повисока + ке требаат фенкојлери...Зиме да греат, летно време да ладат...
Опцијава е одлична, но за мене е премногу во моментот, па отпаѓа.
2. Пелети...
Кога сме кај пелетите и кај Германија, да се користеа порано многу, НО заради големата емисија на ЦО2, полека почнуваат да се исфрлааат од употреба...Ова е нова информација, па не знам колку сте запознаени со неа. Штом почнуваат да го исврлаат ова како алтернативно греење од западниот свет, полека ке се исфрла и кај нас, веројатно, или пак ке му се качува цената...
Од искуство со некој корисници, добивам информации дека не е се така како што е прикажано на папир, односно по карактеристики, но еве ке правиме математика по тефтер, односно по декларирани податоци...
До сега најдов неколку котли на пелети кои би се вклопиле во просторот и во буџетот. Една варијанта е Фероли котел кој е комбиниран, односно се користи и на дрва и на пелети...+ се добива и резервоар и горилник за пелетите за околу 127 000 денари, и се продава во Еуро Техника во Визбегово. Добра понуда, добар котел, коректна цена за производот. Јас за жал немам услови да го користам котелот на дрва, па тоа како опција и не ми е толку битна...По каталог потрошувачката му е од 2,9 до 7,2 килограми на пелети на час. Ако земеме во просек дека потрошувачката ке биде некоја средна вредност, пример 5 кг на час, за 10 часа работа во денот ке имаме потрошувачка од 50 килограми, односно месечно би мо дошло околу 1,5 тони...Ако цената на пелетите е 250 евра за тон, ние ке трошиме месечно 375 евра, што е релативно висока потрошувачка за котел кој ке работи со одприлике 22~24 киловати...
Е сега тука има и други фактори, односно изолација на куќата, работа во друг режим итн итн, што во превод, односно некој си реални услови ке земеме дека троши околу 3 килограми пелети во најдобар случај, значи нешто помалку од 1 тон месечно, односно околу 230~240 евра месечно. Цифра која повторно не е за подценување....
Ова се некој математики кои излегуваат скоро за сите рачуници и котли кои ги најдов...
Друг производител кој ми беше интересен но не беше на саем е http://www.ecospar.com.mk/ поточно котелот интересен за мене : http://www.ecospar.com.mk/all_content/specs_mk_en_gr_al_sr/AurigaMK.pdf
Цената на котелот е околу 2000 евра, потрошувачката е одприлике погоре опишана...
Цената од 250 евра на пелетите е добиена на штанд на саемот.
Јас имам инфо дека цената на пелетите се движи и од 150~160 евра па нагоре, но постојат различни пелети со различен состав, па според тоа претпоставувам дека имаат и различна калорична моќ...Следствено на тоа, потрошувачката повторно е дискутабилна работа...

Пелетите некако ги потискам и верувам дека ке ги тргнам на страна и ке одам можеби на најскупата варијанта во моментот на пазарот, а тоа е котел на струја, 24 киловати од производителот Ваилант.

Зошто.
3. Струјата пружа најголем конфор...Нема пелети, нема дрва, нема работа, нема загуба....Секој киловат електрична енергија се претвара во топлинска без загуби, односно загубите се минимални, па може да се каже дека искористувањето е скоро 100%.
Мене, значи лично мене највеќе ми одговара за да го сместам во просторот...
Има еден куп електроника која е задолжена за многуте модови и режими на работа.
Првично заради така наречениот софт старт, односно почнување на загревање на водата со 2 киловати, па скалесто зголемување на моќноста се до посакуваното затоплување на водата односно просторијата. Со самата изведба ја штити и инсталацијата и штеди во самиот старт...Останатите електрични котли кои ги изработуваат приватниците најчесто се со 3 грејачи од по 9 киловати...При првото вклучување во 99% од случаите се вклучуваат 24 киловати за загревање на водата...Да, можеби е добро побрзо да се загрее водата, а со тоа и целокупниот систем, но во овој случај се прави таканаречен шок на инсталацијата :)
Доколку се направи добро сетирање на котелот, а има таква можност, може да се дојде до одлични податоци за потрошена електрична енергија и добра затопленост во просториите...
Според моите потреби електричниот котел би работел во утринските часови од 5 до 7 во нормален режим, значи во време додека се стане и не се замине на работа, а потоа би работел во некој си еко мод на одржување на температурата за да не падне под 16~17 степени, бидејќи дома и онака нема да има никој...Во периодот од 15 до 22 ке си работи во нормален режим, а потоа повторно или во некој еко мод или пак ке оди во режим на стенд бај се до сабајлето....Со оглед на тоа дека имам и клима инвертор, парното може да се пали единствено по потреба и да работи постојано во некој си еко мод или мод на штедење....
Во куќа со дете не можеш да спиеш со клима, нема шанса барем се додека не порасне...Па заради тоа се потребни нормални услови...Што се тиче мене, не сум мераклија на висока температура но сум за нормална..Се над 22 или 23 степени почнува да ми пречи и да ми ствара склет...
Кучата ми е добро изолирана со нови прозори, ролетни, добра таванска изолација, добра подна изолација, така да претпоставувам дека ке имам релативно мали загуби на енергија...
По кажување на корисници на овој тип на котли уштедата на електрична енергија со изобилството од електроника е околу 25%, што и не е така мала бројка...
Немам правено математика за потрошувачка на електрична енергија, но грубо претпоставувам дека цената за месец би изнесувала околу 15 000 денари. Да, не е мала бројка но имаш максимален конфор...Немаш обврски, немаш цепење дрва, немаш килавење, немаш исфрлање на пепел, не стануваш у 5 за да наложиш за да у 6 биде топло, немаш редење дрва, складиштење...Истото важи и за пелетите...
Цената на котелот е околу 44 000 за 24 киловати...
Мене во моментот ми се потребни за загревање на некој си 60~70 квадрати, со тоа што перспективно квадратурата ке биде проширена на 150, но отом потом...
Во моментот тие се бројките...
Верувам дека за кратко време ке донесам одлука и дека ке се подновам со http://www.vaillant.rs/Proizvodni_program/Struja/Grejanje/produkt_vaillant/Kotlovi_eloBLOCK.html кој ке го користам кога ке бидат температурите такви и нема да дозволат употреба на клима уредите во домот :)

Крајниот заклучок ми е дека за да се згрееш, мораш да вложиш и да потрошиш...
За џабе нема ништо...
Здравје и работа нека има за другото не е проблем, ке дојде само по себе :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.