Како што кажа Саше, се видовме на саем...
Искрено јас сум разочаран од се она што го видов по саемон...Све помалку и помалку се излегува на саемиве, веројатно многу е скапа реклама, а фирмите имаат се помалку пари за маркетинг...
Е сега он топик...
Малку размислував, малку рачунав па полека почнувам да доаѓам до некој заклучоци, односно решенија кој се во моментот за мене најповолни, можеби и не најисплатливи.
1.Ке почнам со муабетот на Дени за топлотните пумпи. Ги видов, и можам да кажам дека тие се едни од најекономичните решенија, но можеби и не најдобрите. Најекономични затоа што како топлински пумпи трошат малку, а се добива релативно доста за таа мала вложена моќност. Користат инверторски компресори, исто како кај инвертор клима уредите. Позитивно е тоа што многу помалку трошат, негативно е тоа што се ограничени на работна температура, веројатно до -15, претпоставувам, а со самото тоа им се намалува и ефикасноста...На пониски температури влегуваат во дифрост почесто одколку што работат ефективно...Ова е моја претпоставка, значи не сум 100% сигурен. Водата можат да ја загреат до 60 степени, што во принцип е одприлике тука некаде за да се добие задоволително греење на веќе постоечкиот систем. Друга негативност е високата цена, односно одприлике 6500 евра за топлинска пумпа која би опслужувала некој си 150 до 180 квадрата и тоа само за греење, а доколку сакаме да има можност и за ладење преку истиот систем, цената ке биде повисока + ке требаат фенкојлери...Зиме да греат, летно време да ладат...
Опцијава е одлична, но за мене е премногу во моментот, па отпаѓа.
2. Пелети...
Кога сме кај пелетите и кај Германија, да се користеа порано многу, НО заради големата емисија на ЦО2, полека почнуваат да се исфрлааат од употреба...Ова е нова информација, па не знам колку сте запознаени со неа. Штом почнуваат да го исврлаат ова како алтернативно греење од западниот свет, полека ке се исфрла и кај нас, веројатно, или пак ке му се качува цената...
Од искуство со некој корисници, добивам информации дека не е се така како што е прикажано на папир, односно по карактеристики, но еве ке правиме математика по тефтер, односно по декларирани податоци...
До сега најдов неколку котли на пелети кои би се вклопиле во просторот и во буџетот. Една варијанта е Фероли котел кој е комбиниран, односно се користи и на дрва и на пелети...+ се добива и резервоар и горилник за пелетите за околу 127 000 денари, и се продава во Еуро Техника во Визбегово. Добра понуда, добар котел, коректна цена за производот. Јас за жал немам услови да го користам котелот на дрва, па тоа како опција и не ми е толку битна...По каталог потрошувачката му е од 2,9 до 7,2 килограми на пелети на час. Ако земеме во просек дека потрошувачката ке биде некоја средна вредност, пример 5 кг на час, за 10 часа работа во денот ке имаме потрошувачка од 50 килограми, односно месечно би мо дошло околу 1,5 тони...Ако цената на пелетите е 250 евра за тон, ние ке трошиме месечно 375 евра, што е релативно висока потрошувачка за котел кој ке работи со одприлике 22~24 киловати...
Е сега тука има и други фактори, односно изолација на куќата, работа во друг режим итн итн, што во превод, односно некој си реални услови ке земеме дека троши околу 3 килограми пелети во најдобар случај, значи нешто помалку од 1 тон месечно, односно околу 230~240 евра месечно. Цифра која повторно не е за подценување....
Ова се некој математики кои излегуваат скоро за сите рачуници и котли кои ги најдов...
Друг производител кој ми беше интересен но не беше на саем е
http://www.ecospar.com.mk/ поточно котелот интересен за мене :
http://www.ecospar.com.mk/all_content/specs_mk_en_gr_al_sr/AurigaMK.pdfЦената на котелот е околу 2000 евра, потрошувачката е одприлике погоре опишана...
Цената од 250 евра на пелетите е добиена на штанд на саемот.
Јас имам инфо дека цената на пелетите се движи и од 150~160 евра па нагоре, но постојат различни пелети со различен состав, па според тоа претпоставувам дека имаат и различна калорична моќ...Следствено на тоа, потрошувачката повторно е дискутабилна работа...
Пелетите некако ги потискам и верувам дека ке ги тргнам на страна и ке одам можеби на најскупата варијанта во моментот на пазарот, а тоа е котел на струја, 24 киловати од производителот Ваилант.
Зошто.
3. Струјата пружа најголем конфор...Нема пелети, нема дрва, нема работа, нема загуба....Секој киловат електрична енергија се претвара во топлинска без загуби, односно загубите се минимални, па може да се каже дека искористувањето е скоро 100%.
Мене, значи лично мене највеќе ми одговара за да го сместам во просторот...
Има еден куп електроника која е задолжена за многуте модови и режими на работа.
Првично заради така наречениот софт старт, односно почнување на загревање на водата со 2 киловати, па скалесто зголемување на моќноста се до посакуваното затоплување на водата односно просторијата. Со самата изведба ја штити и инсталацијата и штеди во самиот старт...Останатите електрични котли кои ги изработуваат приватниците најчесто се со 3 грејачи од по 9 киловати...При првото вклучување во 99% од случаите се вклучуваат 24 киловати за загревање на водата...Да, можеби е добро побрзо да се загрее водата, а со тоа и целокупниот систем, но во овој случај се прави таканаречен шок на инсталацијата
Доколку се направи добро сетирање на котелот, а има таква можност, може да се дојде до одлични податоци за потрошена електрична енергија и добра затопленост во просториите...
Според моите потреби електричниот котел би работел во утринските часови од 5 до 7 во нормален режим, значи во време додека се стане и не се замине на работа, а потоа би работел во некој си еко мод на одржување на температурата за да не падне под 16~17 степени, бидејќи дома и онака нема да има никој...Во периодот од 15 до 22 ке си работи во нормален режим, а потоа повторно или во некој еко мод или пак ке оди во режим на стенд бај се до сабајлето....Со оглед на тоа дека имам и клима инвертор, парното може да се пали единствено по потреба и да работи постојано во некој си еко мод или мод на штедење....
Во куќа со дете не можеш да спиеш со клима, нема шанса барем се додека не порасне...Па заради тоа се потребни нормални услови...Што се тиче мене, не сум мераклија на висока температура но сум за нормална..Се над 22 или 23 степени почнува да ми пречи и да ми ствара склет...
Кучата ми е добро изолирана со нови прозори, ролетни, добра таванска изолација, добра подна изолација, така да претпоставувам дека ке имам релативно мали загуби на енергија...
По кажување на корисници на овој тип на котли уштедата на електрична енергија со изобилството од електроника е околу 25%, што и не е така мала бројка...
Немам правено математика за потрошувачка на електрична енергија, но грубо претпоставувам дека цената за месец би изнесувала околу 15 000 денари. Да, не е мала бројка но имаш максимален конфор...Немаш обврски, немаш цепење дрва, немаш килавење, немаш исфрлање на пепел, не стануваш у 5 за да наложиш за да у 6 биде топло, немаш редење дрва, складиштење...Истото важи и за пелетите...
Цената на котелот е околу 44 000 за 24 киловати...
Мене во моментот ми се потребни за загревање на некој си 60~70 квадрати, со тоа што перспективно квадратурата ке биде проширена на 150, но отом потом...
Во моментот тие се бројките...
Верувам дека за кратко време ке донесам одлука и дека ке се подновам со
http://www.vaillant.rs/Proizvodni_program/Struja/Grejanje/produkt_vaillant/Kotlovi_eloBLOCK.html кој ке го користам кога ке бидат температурите такви и нема да дозволат употреба на клима уредите во домот

Крајниот заклучок ми е дека за да се згрееш, мораш да вложиш и да потрошиш...
За џабе нема ништо...
Здравје и работа нека има за другото не е проблем, ке дојде само по себе
