Ако зборуваме за најевтино греење тоа секако е греење на дрва, арно ама, за тоа е потребно да имаш или здрав и работоспособен пензионер дома или некој кому работните обврски ќе му дозволуваат да поминува повеќе време дома (цепење, потпалување наутро итн.)
Ако го спомнуваме греењето на дрва, тогаш не е најефтино, туку кога ке ја направиш математиката ке сватиш уствари дека сум во право...
Прво имаш набавка на дрва, нивна обработка (земи ја во предвид цената на стружење и цепење). Потоа следува постапка на редење, која повторно чини пари. Не ја рачунај работата која сам ке ја работиш, тогаш математиката нема да биде идентична со онаа како кај струјата. Значи редење, складиштење, простор за чување на 10 метра дрва во најмала рака...
Следна работа е станување на сабајле у 5 за да го заложиш котелот. Да го очистиш претходно итака натака околу обврските...
Најголемиот проблем со дрвата е загубата на енергија...Околу 40% од топлинската енергија оди во воздухот низ оџакот...Освен ако оџакот не ти поминува низ сред куќа, па дел од енергијата да се пренесе и на ѕидовите...За жал губитоците со дрва се најголеми и на крај кога ке го направиш комплетниот есап, ке видиш уствари дека она што го зборувам е потполно точно...
@onak
Твојот сајт го имам многу пати гледано, читано, размислувано итн...
Не ја спомнувам во случајов бидејќи е позната, а ке те барам сигурно пред да се одлучам дефинитивно за тоа што ке земам. И ке отидеме да го видам системот тоа повеке од сигурно, со тоа што треба да се погодиме да сме двајцата слободни. верувам дека овој период си претрупан со обврски и работа пред почеток на грејнава сезона...
Сепак ке кажам дека од класичен котел на струја каде што искористеноста е 100% на електрична енергија претворена во топлинска според мене нема подобро, не земајќи ги во предвид сметките за струја...