Дали некој од вас се грее на пелети и какво искуство има со нив.
Конкретно ме интересира котел на пелети, за одприлике 170 квадрати. Значи котел, а не камин кој може да се користи како котел.
Првично би се грееле околу 80 квадрати, а оние другите ги оставам за догледно време, година, две, три.
Одприлика тоа би му дошло некој си 24 киловати моќност.
Колкава реална потрошувачка би имал со пелети на час изразени во килограми?
Дали карактеристиките кои се наведени во упатствата кореспондираат со оние во пракса...
Конкретно го гледав следниот модел на котел кој некако највеќе ми одговара
http://www.ecospar.com.mk/all_content/specs_mk_en_gr_al_sr/AurigaMK.pdfИ по потрошувачка и по тоа какви карактеристики има, вклучувајќи ги и димензиите на истиот, бидејќи сум малку ограничен со простор во кој треба да го сместам.
Инаку заборавив да кажам она најважното, односно дека куќата е изолирана со стирпор и има демит фасада. Нормално и ПВЦ дограма.