Автор Тема: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ  (Прочитано 650470 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: ЛЕГЕНДАРНИ ПОСТОВИ
« Одговори #3645 на: 02 Април 2026, 09:42:46 am »
Заебана работа е Опел Антара да донесеш дома.... Замисли си продал нова кола зошто не ти се допаднала и испаѓаш по нова подобра кола, кажуваш на фамилијата одам да купам кола, оваа ја продадовме не чини... и си идеш дома со Опел Антара :(

И тука одма после неколку дена почнуваат веќе проблемите во фамилијата и знаеш дека си згрешил, децата не сакаат да јадат и да одат нашколо, сопругата не е среќна и те одбегнува, насмевката од нејзиното лице се брише, родителите веројатно те гледаат со неверување и презир, не им се верува што одгледале, братот - сестрата не ти креваат на телефон, што и е разбирливо после Антара настаро.... и единствено решение ти е да најдеш утеха во Фејсбук во некој групи од типот на "Сопственици на Опел Анатар", "Опел Антара - Проблеми и искуства" итн.... и така изгледа пропаѓањето на еден маж.