При фронтален судар, на спуштена кола помалку и` „клекнува“ предницата при кочење - на пример. Е сеа ако не се кочи, друг муабет..
Разликата во квалитетот на возење е драстичен со Eibach. Драстично намалување на бодирол, речиси нема дајв ин при кочење, речиси нема „глисер“ стенс при тргнување, поголема доверба во колата, попрецизно управување, побрза реакција на комнадите од воланот. Бонус, нешто пократок пат на кочење.
Негативности: Треба да се внимава на дупки, повеќе шум се пренесува на внатрешноста на возилото - малку побучно е возњето, тротоари се качуваат со рикверц секогаш, или скоро секогаш (или прво предно десно, па задно десно, па предно лево, задно лево), подвозјето знае да загребе на глупине бразди од автобуси на автобуските станици, преку лежечи се поминува со помала брзина, што и е ок, пошто за тоа и се лежечите, не да прелетуваш преку нив.
Во секој случај, еднаш кога ќе возиш ауто со асални пружини (и амортизери), тешко дека ќе ќе сакаш да се вратиш на нормална амортизација.
Ако летвата е добра, нема да настрада од спуштање. Ако е во фаза на расипување, побрзо ќе се расипе. Исто важи и за секој друг дел од подвозјето.
Сепак, постојат фабрички опции кои овозможуваат спуштање на возилата, без промена на било кои други елементи од подвозјето и притоа фабриките нудат иста гаранција како и на оние возила со нормално подвозје. Да беше толку лошо - сигурно немаше да постои „спортско подвозје“ во фабричките понуди.