Check Engine е откако ја купив по неколку месеци. Кога испарува дождот или кога колата е перена и времето надвор е 30+ степени појавува чек енџин на точно 68 степени температура на разладна течност, ја бришам грешката и може да возам слободно уште илјадници километри, ако ја изгаснам и дозволам колата да се олади кога ќе загрее пак ќе се појави чек енџин и ќе ја поремети мапата и ако не го избришам со елм327 (најбрзо е тоа во моментот) колата ќе се понаша како да има 28 коњи, а не 208 ми се случи на вклучување на автопат и за влакно избегнав судар со камион (не креваше ни 60...).
BTW
Во сервисната книшка најдов документ каде колата во историја на грешки ја имала таа иста грешка. Инаку свеќиците се сменети како што кажа, проверивме зазор на 1.0мм се, не сакав да ги ширам на 1.1, водната пумпа е нова (се гледа), автоматикот е сервисиран (картерот со филтер е нов), но кај моторот никогаш не е отворано.