Легално е и да се вози со Матиз на автопат. И јас сум возел со 120-140километри на час. Се надевам никогаш нема да ја возам таа кола пак. Не е стабилно. Таа кола до 90 максимум.
Полото со стандардна суспензија е лабилно и подлетнува над 130кмч, со 15мм пониските спирали без проблем е стабилно и на 160кмч. А со тоа и ПОстабилно на 130кмч.
Да не се разбереме погрешно, не велам дека секоја кола ќе е нестабилна на таа брзина, туку давам конкретен пример. И новото поло со стандардната суспензија „летка“ над 130кмч и не чувствуваш дека имаш тотална контрола на возилото. Со само 15мм тоа се менува драстично. Од моето лично искуство. Еве и новото поло тазе ми е возено, исто е како и претходното. Тигуанот од друга страна е стабилен и на 130 и на 160кмч иако е повисок. Сигурно ќе е постабилен ако е 15мм понизок, но него намената не му е тоа.
Доколку на Полото му се стави опција за лоши патишта, уште повеќе ќе се добие лабилност. Ако се смени правецот на движење голема е веројатноста да се направи беља (Moose test).
Ограничувањето не мислев да е од фабрика, туку ако може јас би си го вовел во лично мојата кола. Како Форд што има со Чајлд Лок. Пректично е да се крсти (јас сакам) едната кола да е строго за во град и да се оптимизира за такво возење. Со гумите, бандажите, амортизерите, големината и слично. И да се рече дека таа е строго за до 90кмч. Ова лично за мене значи го зборувам, дека со задоволство би го направил. Секако дека ако сум диктатор тоа ќе биде на ниво на регион, меѓутоа не сум па само на својата би го направил. За да не се подзанесам јас или некој од мојата фамилија со нестабилното возило да возам над 90кмч. Не за друго.
Значи лично си зборувам за мене. Зошто да се лимитира? Буквално, зошто така сакам.