Автор Тема: Амортизери, Спирали, Суспензија  (Прочитано 490640 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #945 на: 30 Ноември 2014, 04:48:45 am »
Коиловери = шина :)

http://www.youtube.com/watch?v=Fe_h4meYhNw

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #946 на: 30 Ноември 2014, 09:06:38 am »
тоа си е негово лично мислење,него што правиме со стабилноста на колата,јас тврдам дека колата е мнооогу постабилна само со спирали,коиловери ич не ги внесувам во муабетов
Да, дури и со минимално спуштање се осеќа, камо ли со повеќе. Особено на поголеми брзини.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #947 на: 30 Ноември 2014, 09:39:26 am »
Да не има проблем некој со приказ на видеава од постов: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,3595.msg726557.html#msg726557 ?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #948 на: 30 Ноември 2014, 10:12:49 am »
сакаш да кажеш дека со афтермаркет спирали не се добива поголема стабилност ?

Не, не сакам тоа да кажам. Сакам да кажам дека:

1. Колата си е доволно стабилна онаква каква што си е од фабрика

2. Муљање со афтермаркет модификации може да има непредвидени последици. Некое својство ќе подобриш, некое друго својство може ќе заебеш.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #949 на: 30 Ноември 2014, 10:43:01 am »
Мислам дека повеќето јасно разбираат од проста физика зошто стабилноста на возилото се подобрува со спуштањето. Веројатно малце е потешко се разбира дека бодирол се намалуваи  поради прогресивноста на пружината (има различни типови на поргрсеивност, линеарност и константност, некој машински инженер може да не просветли).

 Она што оние кои ги сечат пружините не разбираат е дека интегритетот на пружината (било со сечење или ковење) се менува а најчесто се нарушува во непозната насока. Веројатно оние заменски спирали со подобри перформанси вклучуваат далеку подбар дизајн со кој се обезбедува истото возило со иста тежина да се носи со истит патишта и при тоа да не искрши или да не летне на прва нерамнина. Вообичаено спиралите се нелинеарни/прогресивни, па покрај димензијата, со маалска модификација се модифицира и начинот на реакција.

Кај нас не се води сметка што бутаме во коливе. Најчесто, покрај кратењето на спирали, е монтирање на спирали кои не се соодветни за типот на возило. На пример спиралите за Alfa 147 се разликуваат во зависност од моторот. Така да, иако спиралите пасуваат физички според своите димензии воопшто немаат исти својства доколку моделот е 1.6, 3.2 безнин или 1.9 јтд.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #950 на: 30 Ноември 2014, 10:52:51 am »
сакаш да кажеш дека со афтермаркет спирали не се добива поголема стабилност ?

Не, не сакам тоа да кажам. Сакам да кажам дека:

1. Колата си е доволно стабилна онаква каква што си е од фабрика

2. Муљање со афтермаркет модификации може да има непредвидени последици. Некое својство ќе подобриш, некое друго својство може ќе заебеш.

1. Секој производ создаден е според одредени својства што тој што ги произведува сака да ги има па тоа се постигнува со кмпромис на одредени параметри (или многу пари да можеш да правиш модификација на својствата динамички). Компромисот во конфекциките возила на принцип „доволно добро“ се разликува кај Голф и Цитроен, на пример.

2. Имаш избор на афтермаркет производи од реномирани производители кои вложуваат многу во R&D и ибезбедуваат онакви својства како што и ги рекламираат. Меѓудругото добиваат сертификати и обезбедуваат задолување на пропишан регулативи и стандарди. Па соред тоа можеш сам да избереш (како што веќе посочи некој) на која точка ќе го ставиш балансот на сопствениот компромис.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #951 на: 30 Ноември 2014, 11:03:15 am »
1. Секој производ создаден е според одредени својства што тој што ги произведува сака да ги има па тоа се постигнува со кмпромис на одредени параметри (или многу пари да можеш да правиш модификација на својствата динамички). Компромисот во конфекциките возила на принцип „доволно добро“ се разликува кај Голф и Цитроен, на пример.

Токму тука лежи мојата поента: онаква каква што ќе излезе од фабрика, колата е компромис од мал милион својства. Суспензијата е онаква каква што е затоа што од нејзе зависи некое друго својство, да го наречеме X, кое - исто како суспензијата - е внимателно балансирано да биде доволно добро. Сите тие својства (x, y, z....) треба да задоволат некој минимум. Ама, ако измуљаме во суспензијата, може својството X да падне под замислениот „трешхолд“ на карактеристики кои треба да ги има. И што сме напраиле? Заради некое маргинално корисно својство (како лепела колата кога со 150 ќе влезеш во мазна кривина) можеби сме го искомпромитирале својсвтото X кое ни треба многу почесто (на пример, однесување на нерамен пат при помали брзини, лепење на субстандардна подлога, или што-веќе, тропам на памет...).

Искрено, не се согласувам со општиот став во темава кој имплицитно вели дека удобноста е единственото нешто кое се компромитира со спуштањето. Сигурно има уште мал милион карактеристики кои се онадени, само затоа што колата била постабилна во брзи кривини.

2. Имаш избор на афтермаркет производи од реномирани производители кои вложуваат многу во R&D и ибезбедуваат онакви својства како што и ги рекламираат. Меѓудругото добиваат сертификати и обезбедуваат задолување на пропишан регулативи и стандарди. Па соред тоа можеш сам да избереш (како што веќе посочи некој) на која точка ќе го ставиш балансот на сопствениот компромис.

Пеки.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #952 на: 30 Ноември 2014, 11:09:24 am »
Никој не рече дека само удобноста се компромитира. Се компромитира и животниот век на амортизерите и на другите делови од подвозјето.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #953 на: 30 Ноември 2014, 11:19:57 am »
Ако зборуваме за Мерцедес С класа, или уште поубаво Бентли Брукландс тогаш се сложувам. Тие возила се направени на оној начин на кој би требало да бидат направени. Осебено Брукландс. Јас не би ги менувал неговите спирали или не би го модификувал на некој начин. Но ние зборуваме за компромисни верзии од компромисни верзии од компромисни верзии за возила.

Да не се расплинуваме во Шкода имаш избор на Октавија (на пример) со 3 вида на суспензија. Еден е наменет за лоши патишта (15мм повисок) има стандарден и има спортска суспензија (15мм понизок). Тоа го имаш фабрички од салон да си го нарачаш. По цена од 120-160еур. Кај Голфот имаш избор на спортско подвозје (15мм) како и електронски диференцијал за 250-300еур.

Си бираш кое сакаш. Повисокото изгледа глупаво (според мене). Пониското изгледа поубаво (според мене). Зошто да на изберам пониска опција?

Кај некои возила како на пример Форд Фјужн (ружен нажалост инаку добра идеја) или уште поубаво Поло Крос, личи да ставиш повисока суспензија за лоши патишта. И стои на таа кола и да е повисока. Јас така би изиграл за второ возило за низ град во иднина. Поло Крос со најмали бандажи што може, највисокопрофилна гума што може и највисока суспензија (барем 15мм повисока од стандард). Строго за низ град, не за автопат зошто ќе одлеташ. За по дупките и тротоарите каде си 90% од времето. Може и да се лимитира некако на 90кмч самата кола.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #954 на: 30 Ноември 2014, 12:51:30 pm »
на 80 по ново. BTW





Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #955 на: 30 Ноември 2014, 13:47:28 pm »
Да не се расплинуваме во Шкода имаш избор на Октавија (на пример) со 3 вида на суспензија. Еден е наменет за лоши патишта (15мм повисок) има стандарден и има спортска суспензија (15мм понизок). Тоа го имаш фабрички од салон да си го нарачаш. По цена од 120-160еур. Кај Голфот имаш избор на спортско подвозје (15мм) како и електронски диференцијал за 250-300еур.

Да, но разликата во подвозјата не е само во спиралите.

Строго за низ град, не за автопат зошто ќе одлеташ.

Нема. Да одлетуваше таа кола на автопат во упатството ќе пишуваше „забрането возење на автопат“, а ако те види џандар како ја возиш на автопат ќе казни.

Може и да се лимитира некако на 90кмч самата кола.

Зошто би се лимитирала?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #956 на: 30 Ноември 2014, 13:59:23 pm »
Ако зборуваме за Мерцедес С класа, или уште поубаво Бентли Брукландс тогаш се сложувам. Тие возила се направени на оној начин на кој би требало да бидат направени. Осебено Брукландс. Јас не би ги менувал неговите спирали или не би го модификувал на некој начин. Но ние зборуваме за компромисни верзии од компромисни верзии од компромисни верзии за возила.

Да не се расплинуваме во Шкода имаш избор на Октавија (на пример) со 3 вида на суспензија. Еден е наменет за лоши патишта (15мм повисок) има стандарден и има спортска суспензија (15мм понизок). Тоа го имаш фабрички од салон да си го нарачаш. По цена од 120-160еур. Кај Голфот имаш избор на спортско подвозје (15мм) како и електронски диференцијал за 250-300еур.

Си бираш кое сакаш. Повисокото изгледа глупаво (според мене). Пониското изгледа поубаво (според мене). Зошто да на изберам пониска опција?

Кај некои возила како на пример Форд Фјужн (ружен нажалост инаку добра идеја) или уште поубаво Поло Крос, личи да ставиш повисока суспензија за лоши патишта. И стои на таа кола и да е повисока. Јас така би изиграл за второ возило за низ град во иднина. Поло Крос со најмали бандажи што може, највисокопрофилна гума што може и највисока суспензија (барем 15мм повисока од стандард). Строго за низ град, не за автопат зошто ќе одлеташ. За по дупките и тротоарите каде си 90% од времето. Може и да се лимитира некако на 90кмч самата кола.

Да имам пари да бирам кола каква сакам(да си ја исконфигурирам од салон, не треба да е бесна) никогаш не би купувал афтермаркет бандажи, ксенони, амортизери пошто не сум голем мераклија на чепкање, а и не ме бива за самостоен „тунинг“. Но на оваа кола која сега ја имам би сменил дел од надворешнит „лук енд фил“ ако најдам пари за курташак (не доволно за прописна нова кола). Од суспензија не би се амбицирал многу ниско (15 мм највеќе), но би му уметнал комплет ARB кит и Bilstein B6.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #957 на: 30 Ноември 2014, 14:08:15 pm »
Легално е и да се вози со Матиз на автопат. И јас сум возел со 120-140километри на час. Се надевам никогаш нема да ја возам таа кола пак. Не е стабилно. Таа кола до 90 максимум.
Полото со стандардна суспензија е лабилно и подлетнува над 130кмч, со 15мм пониските спирали без проблем е стабилно и на 160кмч. А со тоа и ПОстабилно на 130кмч.

Да не се разбереме погрешно, не велам дека секоја кола ќе е нестабилна на таа брзина, туку давам конкретен пример. И новото поло со стандардната суспензија „летка“ над 130кмч и не чувствуваш дека имаш тотална контрола на возилото. Со само 15мм тоа се менува драстично. Од моето лично искуство. Еве и новото поло тазе ми е возено, исто е како и претходното. Тигуанот од друга страна е стабилен и на 130 и на 160кмч иако е повисок. Сигурно ќе е постабилен ако е 15мм понизок, но него намената не му е тоа.
Доколку на Полото му се стави опција за лоши патишта, уште повеќе ќе се добие лабилност. Ако се смени правецот на движење голема е веројатноста да се направи беља (Moose test).

Ограничувањето не мислев да е од фабрика, туку ако може јас би си го вовел во лично мојата кола. Како Форд што има со Чајлд Лок. Пректично е да се крсти (јас сакам) едната кола да е строго за во град и да се оптимизира за такво возење. Со гумите, бандажите, амортизерите, големината и слично. И да се рече дека таа е строго за до 90кмч. Ова лично за мене значи го зборувам, дека со задоволство би го направил. Секако дека ако сум диктатор тоа ќе биде на ниво на регион, меѓутоа не сум па само на својата би го направил. За да не се подзанесам јас или некој од мојата фамилија со нестабилното возило да возам над 90кмч. Не за друго.

Значи лично си зборувам за мене. Зошто да се лимитира? Буквално, зошто така сакам.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #958 на: 30 Ноември 2014, 17:46:22 pm »
@filipv
некој е спремен да жртвува комфор,лупање по дупки,качување со 2 на саат на тротоар и ред други причини за да добие постабилна кола,тоа неможеш да го разбереш или ?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #959 на: 30 Ноември 2014, 17:48:06 pm »
И пред сето тоа - поубава.