Тоа значи дека долните биле поизложени на надворешни влијанија, додека горните делови биле позаштитени (што е нормално) а не дека биле преоптеретени. Кога доаѓа до целосна компресија, доаѓа до целосна компресија, а не само во долниот дел на пружините. Очигледно е дека се работи за „прогресивни“ пружини, со различен чекор на навој, односно во долната половина има повеќе намотки отколку во горната. Тоа овозможува, со зголемување на притисокот врз пружината, да биде прогресивно зголемен и респонсот на истата.
Исто така, пружините делуваат недеформирани и со нормален облик, така освен козметички, не гледам други проблеми со пружините..