И во метрополата сите мајстори имаат вградено динамометар у подлактица пневматскиот пиштол пуштен на најјако. Исти ѓаол ти се сите
Тоа за побрзо, си замислуваат дека се механичари во боксот на Ф1 тим и во трка со времето се, што повеќе муштерии денес тоа повеќе муштерии утре(по принципот едно поправам-друго расипувам, да врти парата...) 
Да да, пит стоп се тие.
Менував амортизери во Амстронг (амортизер) во К. Вода. Газдата стариот супер, ама еден од вработените дибек невиден, може и син да му е на газдата оти му се пушти и него оти му зел некој клуч. Јас нешто го прашав и мене ми се испонаша ганстерски.
Настрана тоа, одам наредната недела да монтирам гуми, не можеа да ги одвртат штрафовите на предните гуми на пиштол. Тој дибекот во Амстронг ги стегнал на 1000нм. Па чекаа да надрукал компресорот на максимум ама џабе. Па немаа шипка и клуч за рачно да ги одвртат, а вулканизер?! После чукаа со чекан на штрафовите и успеаа со пиштолот да ги одвртат.
Тоа место (Амстронг или Саше Монро амортизери) ми е прецртано од 2019 година, газдата Саше на прв поглед е ок човек ама не знам кој го има главниот збор таму, мене ми ги утнаа спиралите на Сеник-от, веднаш не се примети ама кога налегна убаво колата после некој км, предницата ми се спушти малку. рекламирав ама безуспешно. Моја грешка што не побарав фискална (не знам дали и дава), ама ајде си викам да не тупам, да имам малку повеќе доверба во луѓето ама очигледно никој не заслужува. Сега би сакал да си ставам „нормални“ фабричка поставка на спирали (на висина мислам пред се), ама уште немам доволно добра препорака каде да го направам тоа. Во меѓувреме, ќе ги прашам од Виталеда, каде што ја сервисирам колата, дали би се нафатиле на таква операција.
Мора да се надоврзам на овој пост заради појасна слика. Освен проблемот од погоре, како што пишав и на друго место, имав проблем и со тропкање во предницата кое на неколку места не го дијагностицираа.
Случајно налетав на постот на
@dbl.dzo во темата Мајстори кои ги препорачувам и препораката за Спасе од Чаир и конечно ја однесов колата. Спиралите (нови земени од Саше) биле проблем и за висината на колата напред, несоодветни за колата, а најверојатно и за лупкањето. Покрај спиралите и еден од шрафовите на буферот бил олабавен и кога ја пробав колата после немаше никакво лупкање (пу пу да не се подречам). Колата е како препородена иако се ставени половни спирали.
Во план ми е да отидам кај Саше и да му кажам дека ми продал несоодветни спирали, рефундација тешко затоа што немам фискална а може да се вади на 300 глупости, а ако е убеден дека се за Сеник да му ги продадам за џабе ама па ќе заебе некој друг, по ова прашање не сум паметен, да не ме изнервира па да го акнам со спиралата.