Се е субјективно, не би препорачувал никој зашто јас у принцип само на себе си верувам самошто се помалце време наоѓам за да и посветувам внимание на колата, чисто инфо 240илјади има мондеото мое, се од подвозје е фабричко несменето, а што се не е товарано и носено по села по крш патишта. Преден десен лагер само е сменет. Сега веќе претпоставувам предните амортизери мислам дека веќе не се тоа што беа и што треба да се. Реално и јас незнам кај да го носам за да ги проверат.
Мои размислувања се дека сум бил и во БоМи сервис што е накај качанички пат десно кривината за накај пластичарска, пријатели ми се и ок ми биле секогаш, во К.Вода кај Мето исто детален човек што не прави филмови, сега се мислам да одам до она Team Auto мислам се вика нешто гледам се фалат со децимали точно штелување предница и заден трап, а и некоја машина за амортизери имаат. Па најверојатно ќе поминам и таму само да најдам време кога, пред да сменам летен сет 17ки.