Еве јас да кажам едно мое лично искуство, не е којзнае какво ама сепак.
Две години бев во Америка тоест две лета, тоа е се на се околу 8 месеци. Отидов таму преку програмата Work & Travel и првата година работев за 7,85 долари на час што е најмизерна плата во УСА. Работев во еден забавен парк па имав можност да работам колку сакам уствати до 70 часа неделно. Парата ме тераше да ги рабоам сите 70 саати а немав потреба од сите доволи беа 48 саати да се живее еден пристоен живот. Имаше денови во кои работев од 7ам до 1ам следниот ден со 1 саат пауза но не се бунев. Завршував во 1ам додека стигнам дома 20 мин, ако се погодеше среда или недела дирекно у диско, станував во 5:40ам и пак истото, работи твојата работа па после трчај во паркот да бараш екстра аурс. Тоа ми причинуваше задоволство иако на моменти имав и тахихардија и некогаш не бев спиел и 36 саати ама знаев дека сето тоа се исплати, коа ќе го земеш pay чекот се забораваш па пак истото. Втората година на истно место ама 8.05 зошто ти е втора година и пак истото цело лето. Резултатот беше: Ја прошетав пола Америка дојдов тука купив кола и имам пари да купам уште една иста. Сето тоа за само 8 месеци работа на минималец у УСА, е тоа кога ќе го постигнам во Македонија ќе си го прашам. Криво ми е што не останав и тоа многу. Ќе бев човек до сега.