ајде вака да ја спуштиме малце топката.. јас да ви доловам моја приказна а и на многу наши македонци во дијаспората. Ова е мое мислење мое искуство и чисто го објаснувам за да ви доловам на многумина тука што мислат дека надвор од Македонија цвета живот и се е мед и млеко. Јас со женами бевме 6 години во Америка снајдени супер двајцата на супер позиции си плати незамисливи за наши стандарди. Надвор е добро да се оди од 20 до 30тата година од животот кога си во можност да се избориш за добра позиција, да го испотиш газот од работа, да не видиш бел ден со денови, ( ама буквално одиш на работа во 4ам до 12 на полнок ) за што за подобар живот и да направиш т.е спечалиш нешто. После 30тата година кога ке сакаш да основаш семејство, опшеството си го зема својот данок. Еден обичен порагај во Америка кошта 15.000$ обичен. Да не зборам дека цел живот ке работиш за моргич за апартманот што зивеес. Незаборавајте дека секаде надвор ке бидете грагани од втор ред т.е. сите ке ве гледаат како странци и покрај вас има толку голема конкуренција од луге што исто се дојдени да се изборат за некоја позиција. Не за џабе се реколо подобро прв во село него последен во град. Нејсе тоа, во странство се иде со план се иде со капитал од тука веке.. Ако се планира да се иселува т.е. со иселеничка виза која сега за сега само Канадската и Австралијанската е возможна за Македонски пасош треба добро да се оди со минимум 100к $. Читам погоре ке лепиш плочки, ке работиш кнауф, азбест тн тн сите аргатски работи .. да тие таму вас ве чекаат. ... Знаете колку има Бугари, Романци, Срби, Индијци, луге од Пакистан, Бангадеж, Филипини што кинат се пред себе за да работат нешто? Сигурно ке ме прашате зашто сум се вратил Дома. Дома ти е се, фамилија, пријатели, животот.. Во македонија се живее, слави, прослави, 1рви мај, има дружење... не е најсјасно ама со домашен буџет од 1000 евра се живее нормално да си дозвилош два одмори во годината и да можеш да им приуштиш на децата основни работи. А ако сакаш да се лакомиш во странство можеш и без она малку што го имаш да останес многу лесно.