Автор Тема: Иселеничка виза  (Прочитано 73526 пати)

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 965
    • nobrain.dk
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #210 на: 27 Септември 2015, 18:25:47 pm »
win win :)
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #211 на: 28 Септември 2015, 00:31:34 am »
Резултатот беше: Ја прошетав пола Америка дојдов тука купив кола и имам пари да купам уште една иста. Сето тоа за само 8 месеци работа на минималец у УСА, е тоа кога ќе го постигнам во Македонија ќе си го прашам. Криво ми е што не останав и тоа многу. Ќе бев човек до сега.

Работава е заработувај во америка, ама троши во македонија. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #212 на: 28 Септември 2015, 00:40:55 am »
затоа  што минималецот во америка не е доволен за 4 члено семејство... за 2-ца да, ке прогураат, ама тоа ке биде исто како и тука што гураат... за 4 члено семејство, 2 минималци... тоа знчи ринтање од јутра до сутра на двајцата родители, а на децата школо ке им биде улицата...

па после генгови се праеле.. епа ке се праат и ке се кољат и свашта ке се дешава...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #213 на: 28 Септември 2015, 08:17:05 am »
Која и да е причината, ринтањето не ти бега. Но тоа не треба да се подразбира како нешто трагично или лошо. Многу зависи зошто човек се преселува, во смисла како тој самиот ќе си го оправда во неговата глава, за да може да ја издржи таа промена.  Некои се преселуваат да печалат пари на Запад, а да трошат во Македонија. Некои за да “живеат подобро“. Некои за да напредуваат во лично и професионално надградување. Некои затоа што немаат избор. Некои заради политички причини (Кои за жал, сеуште ги има во 21ви век во држава во Европа).
Малку од нашинциве успеваат да створат нешто. Затоа што референтна точка на успех им е Македонија.  ;)

Моја препорака на сите што имате деца е, пуштете ги да учат надвор од границите на Македонија. Не за друго, да им се отворат очите и умот.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Одг: Иселеничка виза
« Одговори #214 на: 28 Септември 2015, 08:46:39 am »
Резултатот беше: Ја прошетав пола Америка дојдов тука купив кола и имам пари да купам уште една иста. Сето тоа за само 8 месеци работа на минималец у УСА, е тоа кога ќе го постигнам во Македонија ќе си го прашам. Криво ми е што не останав и тоа многу. Ќе бев човек до сега.

Работава е заработувај во америка, ама троши во македонија. :)
Најбоља комбинација. :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #215 на: 28 Септември 2015, 08:53:36 am »
Која и да е причината, ринтањето не ти бега. Но тоа не треба да се подразбира како нешто трагично или лошо. Многу зависи зошто човек се преселува, во смисла како тој самиот ќе си го оправда во неговата глава, за да може да ја издржи таа промена.  Некои се преселуваат да печалат пари на Запад, а да трошат во Македонија. Некои за да “живеат подобро“. Некои за да напредуваат во лично и професионално надградување. Некои затоа што немаат избор. Некои заради политички причини (Кои за жал, сеуште ги има во 21ви век во држава во Европа).
Малку од нашинциве успеваат да створат нешто. Затоа што референтна точка на успех им е Македонија.  ;)

Моја препорака на сите што имате деца е, пуштете ги да учат надвор од границите на Македонија. Не за друго, да им се отворат очите и умот.


Не ти го разбирам овој дел "ринтањето не ти бега".
Кога јас се селам во друга држава а имам соодветно образование односно не сум со средно па да работам 15 саати во денот како молер тогаш јас како и тој граѓанин во таа држава (која и да е) во ништо не сме различни. Јас одам за да живеам подобро и да се надградам и да создадам подобра иднина за своето семејство. Тоа не е ринтање.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5073
  • The Spartan General
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #216 на: 28 Септември 2015, 09:06:53 am »
Не ти го разбирам овој дел "ринтањето не ти бега".
Кога јас се селам во друга држава а имам соодветно образование односно не сум со средно па да работам 15 саати во денот како молер тогаш јас како и тој граѓанин во таа држава (која и да е) во ништо не сме различни. Јас одам за да живеам подобро и да се надградам и да создадам подобра иднина за своето семејство. Тоа не е ринтање.

Ринтањето е ринтање. Дали седиш во канцеларија, дали си програмер, молер, армирач, штоидае, сепак ринташ. Ако не со телото, со умот. Нивото на образование, способностите и квалификациите само го менуваат местото и условите на ринтање, а не и самото ринтање. ;)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #217 на: 28 Септември 2015, 09:13:14 am »
Ако си вреден добра иднина можеш да направиш и во нашата држава. Зборувам во поглед на заработување, работа и слично. Не во поглед на политичка состојба или генерално општеството.
Немој да мислите дека во странство не чекаат нас најобразуваните. И тој таму што работи има, а оној кој си е легач нема, преживува. Разликата е тоа што има подобра социјала.
Има многу луѓе на форумов кои среќата си ја пробале надвор, па се вратиле тука.
Зошто?
Затоа што за да заработиш за нормален живот ке треба да си го испотиш газот, и кога ке се свестиш, веќе е касно. Времето и животот ти поминале. А што си направил? Пак ништо. Си останал само еден обичен човек во туѓо општество.
Деца???
Децата добро воспитани ке се снајдат и тука.

По мене подобра држава од нашава за живот нема. Можеш да правиш што сакаш, да работиш што сакаш, на црно, на бело, казни да ти кинат, прекршоци да правиш а да не осговараш за нив, да пиеш, да љокаш, да живееш расколнички живот, да живееш од денес за утре, да не плаќаш струја, вода бла бла бла и да не те стига закон, да се противиш на се, да бушиш кога сакаш, да переш, усисаваш и во 2 саат ноќе и ред други милион работи.
Е тоа мили мои на запад го нема. Во зградите во Швајцарија постои куќен ред. Штета што не сликав како изгледа еден нивни куќен ред.
Тој и тој ден од толку до толку часот се усисава (ради бучавата). Тој ден перат од тој до тој стан, другиот од тој до тој од толку до толку. СУшење алишта строго во сушара. Нема тераса, нема жица.
Ако се изведуваат градежни работи се најавува унапред недела дена на станарите и се знае времето на интервенција или изведувањето на градежни работи. За шут мораш да викнеш служба. За електонски апарати, исто така.
Цркнало нешто од струја, мораш да викнеш служба.
Си оштетил нешто, те снима камера, ке си платиш.
Работно време се знае, се знае време за пауза. На пауза нема седење у канцеларија. Мораш надвор. (Сега ми е јасно зошто кога бев во Италија и Франција до минут вработените си седеа во дворот или си шетаа по градот).
За се има ред. Буквално си како програмиран.

Ретки се исклучоците кои прават проблем, за после 10-тина минути да бидат средени од надлежните органи.

И највише од се ме чуди тоа што ние, македонците кога сме таму, сме поголеми почитувачи на законите и од жителите на тие држави, а кога сме во МКД се однесуваме како најголеми простаци.

Чудно.

Да, на запад паѓаат евра и долари од небо. Не чекаат нас најумните да ги собераме :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #218 на: 28 Септември 2015, 09:33:18 am »
Не ти го разбирам овој дел "ринтањето не ти бега".
Кога јас се селам во друга држава а имам соодветно образование односно не сум со средно па да работам 15 саати во денот како молер тогаш јас како и тој граѓанин во таа држава (која и да е) во ништо не сме различни. Јас одам за да живеам подобро и да се надградам и да создадам подобра иднина за своето семејство. Тоа не е ринтање.

Ринтањето е ринтање. Дали седиш во канцеларија, дали си програмер, молер, армирач, штоидае, сепак ринташ. Ако не со телото, со умот. Нивото на образование, способностите и квалификациите само го менуваат местото и условите на ринтање, а не и самото ринтање. ;)
Ок, јас имам друга претстава за ринтање. Нешто во стил на одиш work & travel во Америка или работиш на брод, се утепуваш од работење со спиење од 5-6 саати, штедиш пари на ништо не трошиш и после во Македонија можеш да се опуштиш. И повторно истото во круг.

Сале јас знам дека платите во Македонија се прилично ниски но би можел да живеам со тоа. Најголем проблем е некултурата односно ти тоа што го споменуваш. Тоа програмирање што ти го опиша е начин да ти како граѓанин имаш чувство дека припаѓаш на некаква заедница во која што ти треба да почитуваш ама исто така и ти си почитуван. Тоа во Македонија го нема, почнување од кинење казни, возење без никаква култура, фаќање врски за се и сешто, правење на најпаметна нација, сите се против нас, работење според закони а тој до тебе што ти е (не)лојална конкуренција зошто го знае началникот немора да плаќа данок.

И едно прашање. Што сум направил во Македонија ако го испотам газот? Си станал еден нечовек во свое општество, нешто што боли најмногу.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #219 на: 28 Септември 2015, 10:00:41 am »
Ако си свесен нема да размислуваш така.
Значи се е до она што е во главата.
Имам чувство дека кога се престројувам од лента во лента во Скопје и давам жмигавец, 90% од шоферите викаат види го почетников и моронов. Дали е тоа погрешно што давам жмигавец на престројување?
Кога чекам црвено на семафор (одам пешки или возам точак) а никој нема на улицата, тие што ке поминат покрај мене ме погледнуваат мутаво као у стилу кој курац ебате моронот чекаш кога нема коли? Дали е погрешно тоа што чекам на црвено?
Дали сум морон или копито ако се возам со градски превоз? На запад не, напротив...
Дали сум идиот што на работа одам со велосипед, а имам две коли?
Кога шетам со детето, дали го злоставувам детето и го малтретирам ако ја фрли љушпата од бананата доле во трева а не во канта, и потоа почнам да го карам дека направил лошо, ако е по втор пат и да му ја залепам една воспитна??? За да коментарите на луѓето у околината бидат: Остави го детето бе сељак ни еден, не го тепај???

Нечовек се станува со непочитување првично на себе, а потоа на другите. Ако не се почитуваш себе си, немој да очекуваш дека ке ги почитуваш другите, најмалку.
Исто и они тебе.

Зошто се ова кога сме надвор е различно ???
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #220 на: 28 Септември 2015, 10:09:46 am »
затоа што и концептот на тоа “надвор“ е поинаков од овој концепт кај нас... и јас сум бил и живеел “надвор“... едноставно во држава во која ти е пружен достоинствен живот, мерак е да ги почитуваш основните кодекси на понашање, односно немаш потреба да се понашаш како недоквакан... во држава во која имаш разно разни нервози по било каков СЕКОЈДНЕВЕН основ, едноставно губиш и желба и мерак за правилно понашање... таа нервоза мора да излезе од негде и на некаков начин.. едни прават срања во сообраќај, други се дрогираат, трети се пијанчат, четврти се тепаат и се у свему имаме едно општо лудило, во кое основата е уствари јако незадоволство...

www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #221 на: 28 Септември 2015, 10:19:27 am »
Две големи вистини:

Моја препорака на сите што имате деца е, пуштете ги да учат надвор од границите на Македонија. Не за друго, да им се отворат очите и умот.

... се у свему имаме едно општо лудило, во кое основата е уствари јако незадоволство...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #222 на: 28 Септември 2015, 10:55:44 am »
Ако си свесен нема да размислуваш така.
Значи се е до она што е во главата.
Имам чувство дека кога се престројувам од лента во лента во Скопје и давам жмигавец, 90% од шоферите викаат види го почетников и моронов. Дали е тоа погрешно што давам жмигавец на престројување?
Кога чекам црвено на семафор (одам пешки или возам точак) а никој нема на улицата, тие што ке поминат покрај мене ме погледнуваат мутаво као у стилу кој курац ебате моронот чекаш кога нема коли? Дали е погрешно тоа што чекам на црвено?
Дали сум морон или копито ако се возам со градски превоз? На запад не, напротив...
Дали сум идиот што на работа одам со велосипед, а имам две коли?

Нечовек се станува со непочитување првично на себе, а потоа на другите. Ако не се почитуваш себе си, немој да очекуваш дека ке ги почитуваш другите, најмалку.
Исто и они тебе.

Зошто се ова кога сме надвор е различно ???
Незнам зошто ти е ова чудно, ама истото го правам постојано. Затоа и имам толкав револт кога останатите учесници во сообраќајот не ги земаат во обѕир луѓето околу нив.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #223 на: 28 Септември 2015, 11:08:17 am »
Ако си свесен нема да размислуваш така.
Значи се е до она што е во главата.
Имам чувство дека кога се престројувам од лента во лента во Скопје и давам жмигавец, 90% од шоферите викаат види го почетников и моронов. Дали е тоа погрешно што давам жмигавец на престројување?
Кога чекам црвено на семафор (одам пешки или возам точак) а никој нема на улицата, тие што ке поминат покрај мене ме погледнуваат мутаво као у стилу кој курац ебате моронот чекаш кога нема коли? Дали е погрешно тоа што чекам на црвено?
Дали сум морон или копито ако се возам со градски превоз? На запад не, напротив...
Дали сум идиот што на работа одам со велосипед, а имам две коли?
Кога шетам со детето, дали го злоставувам детето и го малтретирам ако ја фрли љушпата од бананата доле во трева а не во канта, и потоа почнам да го карам дека направил лошо, ако е по втор пат и да му ја залепам една воспитна??? За да коментарите на луѓето у околината бидат: Остави го детето бе сељак ни еден, не го тепај???

Нечовек се станува со непочитување првично на себе, а потоа на другите. Ако не се почитуваш себе си, немој да очекуваш дека ке ги почитуваш другите, најмалку.
Исто и они тебе.

Зошто се ова кога сме надвор е различно ???
Значи кога идеш надвор од границите, (пример на одмор во Грција или на шетање по западот или па на business trip некаде во Герминија) и се правиш културен нели, мислиш дека тоа е најголемиот проблем на некултурата во Македонија? Или тоа ќе ти даде некаков одговор?

Абе чекај малку, 25 години сме државичка. Дури и соседиве наши од околу имале некаква си форма на државност стотици години наназад, а ние?

Неможе наеднаш да се искоренат огромните проблеми што се длабоко вкорени во гените на македонецот. Среќа живееме во едно доста посовремено време па можеби таа "преродба" да се убрза некако, ама па од друга страна еден просечен живот на човекот е многу краток за да се видат некакви резултати.



Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Иселеничка виза
« Одговори #224 на: 28 Септември 2015, 13:52:31 pm »
Тие 25 години се најголемиот проблем.
И некој си 5 пред нив. Пред да го распаднат нештото кое беше држава.
Зошто?
Затоа што од тогаш ние сме све во некоја транзиција.
Нема стабилно образование.
Никој не ти предава сообраќајна култура.
Не се знае нити кој е претпоставен, нити кој е поп ниту владика.
Затоа што дојде време дете од 4-то одделение да и се заканува на учителката и да и удира шамар а при тоа да и се заканува дека ке го запамтела кој е он???
Тоа дали е нормално?

И да, не треба да глумиш, треба едноставно да се однесуваш нормално.
Демократијата кај нас е погрешно сватена, односно е анархија.
Однесувањето на младите е девијантно, не е нормално.
90% од децава одат како овци по улиците, дали сте приметиле.
Да, и ние знаевме глупости да правиме, ама никогаш овакви.
Дали е нормално деца од 10 години да носат ножеви во училиште?
Дали е нормално децата да ги чуваат полиција и агенции за обезбедување?
Кој е крив за тоа?
Нормално, општеството во кое се гледа како да се направи барокна фасада, а не гледа да го описмени населението во 21 век. Луѓе открија и нови планети, а нашиве деца не знаат која река тече во Тетово, како се вика највисоката планина во Македонија, ниту па знае по која земјоделска култура е познат Прилеп.

Мизерија.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.