Го почитувам секое мислење во врска со тоа дали некој треба да се исели од државата и среќата да си ја побара на друго место или да остане тука да живее.
50% да не речам и повеќе од населението во МК живее со буџет од едвај 300-400 евра а тука читам коментари од 1000 и 2000 евра месечен буџет. Да е сликата толку розова и да живеат луѓето со 1000 евра месечен буџет нема да има огромно незадоволство кај народот и нема толку многу луѓе да сакаат да ја напуштат државата. За жал во нашата ни мила Македонија двајца од тројца или имаат земено бугарски пасоши или веќе поднеле документи од причина што иднината не ја гледаат тука.
Точно е дека било каде во странство не тече мед и млеко. Почнуваш од нула, треба газот да го испотиш добро за да заработиш и за чудо ќе ти платат за сработеното, што кај нас е мисловна именка, меѓутоа квалитетот на животот во поглед на стресови на работа, не дај боже да појдеш во болница да завршиш некоја работа или во некоја од "едношалтерските" државни служби, Латас и компанија, браќата и нивните права е неспоредлив. Да земеш кредит од банка во поголем износ за ди си обезбедиш стан или куќа можеш да си дозволиш да го вратиш без притоа фамилијата да ти трпи за леб. Кај нас само оние што враќаат кредити (читај цела државна администрација) можат да кажат колку им останува. Сите се задолжени со кредити и минуси до гуша на кредитните картици.
За нас повозрасните кои веќе сме влегле во бубањот ќе се снајдеме некако но што правиме за нашите деца? Дали треба и тие да останат тука со нас и да затупуваат или е подобро да отидат некаде настрана каде ќе имаат подобар живот? Јас гласам (за жал) за иселување од МК а на оние на кои им е убаво тука и треба да си седат во МК и го почитувам нивното мислење.