Да споделам пресно искуство од порачка преку интернет и мојата помош кон државата во борба со сивата економија и потпомагање на буџетот.
Последниве 10+ години пред нова година си пазарам дрангалашки, телефонски додатоци, ПС игри итн., обично има добри попусти а и периодот е таков за почастување
Така и оваа, после продолжување договор со Телеком се почастив едно парче маска од dbrand (не ми е прва и претходно имам порачувано).
Порачана 28-ми од Канада, на 4-ти во Дубаи, 8-ми во Скопје.
Нарачката од Дубаи ја превзема UPS.
На 9-ти ми се јавија дека имам пратка и дека ќе треба да ја царинам пратката на Аеродром Петровец, да платам лежарина и да одам да ја подигнам од UPS во н.Илинден или целата процедура да ја завршат они за 3.500ден.
Маската е во вредност од 49 долари.
Им реков дека досега не сум терал никакви вакви процедури и дека редовно порачувам од интернет и никогаш не се случило ова, на што ми одговорија дека ако сакам може да ја вратат на испраќачот или доколку не се заврши процедурата до 27.01., да ја уништат.
Пошто ми беше ќеф и веќе платена, ај отидов да ја завршам процедурата.
Во царина на Аеродром Петровец пред мене 10 души и повеќето се крстат со лева рака што се случило, ама „новиот закон“.
После саат и 40мин. дојдов на ред и си го платив долгот према државата во облик на 18%ддв.
Па од таму во UPS во н.Илинден и таму уште 15мин. и уште 1.055ден. лежарина

Беемвето кога го увезував платив 1.200ден лежарина, ама за маската е помалку веројатно дека помалку место фаќа.
И така за маска од 49долари, платив уште иљаду и пецто денари давачки, 80 за патарина + гориво и пола ден утепан.
Ова за да си имате во предвид дека „новиот закон“ е во сила е се тера јако
