Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 438262 пати)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 261
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2910 на: 14 Ноември 2025, 11:14:13 am »
Чекам нарачка од Тему, според инфото за следење повеќе од една недела е во царина , порано беше до 2 дена во царина, веројатно почнато е со наплата на сите нарачки. Досега не сум платил данок/царина на нарачка, на кој начин се плаќа , при подигање на нарачката или друг начин? Да знам што да очекувам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2911 на: 14 Ноември 2025, 11:20:32 am »
Ќе те контактираат од царина, најчесто телефонски.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15273
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2912 на: 14 Ноември 2025, 11:41:49 am »
И како се плаќа царина? На подигнување или?

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1919
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2913 на: 14 Ноември 2025, 11:46:16 am »
Порано додека пратките одеа преку пошта, царина имав платено во пошта директно. Никој не ми се јави, само ми донесоа ливче дека имам пратка. Кога појдов да ја подигнам на шалтер ми кажаа дека треба да платам царина (впрочем ја имаа видено фактурата што беше ставена внатре и царината беше точна до денар :D ), ми напишаа уплатница, платив и си ја зедов пратката.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7098
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2914 на: 14 Ноември 2025, 13:11:38 pm »
Повеќе од 10 години плаќам на начинот на Силвестер, никој не ти се јавува освен ако имаш по ДХЛ, Федекс, УПС.. е тие можи да се јават.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2915 на: 14 Ноември 2025, 13:40:44 pm »
И како се плаќа царина? На подигнување или?
Последно што сум платил царина во Македонија беше пред 3 години за поскапа електроника од Кина. Ме контактираа да им пуштам меил со прикачена фактура за тоа што сум го нарачал и на крај не ми наплатија по таа цена, туку по нивна проценета сума. Си платив и лежарина...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4095
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2916 на: 14 Ноември 2025, 15:59:47 pm »
Чекам нарачка од Тему, според инфото за следење повеќе од една недела е во царина , порано беше до 2 дена во царина, веројатно почнато е со наплата на сите нарачки. Досега не сум платил данок/царина на нарачка, на кој начин се плаќа , при подигање на нарачката или друг начин? Да знам што да очекувам.

Ако добро следам законот за минимална вредност која не подлежи на царина не е променет. Ама ако е според она како од други нарачки се извршувало е да те контактира некој или диспечерот или царина и да побара од тебе точни информации за содржината и за платениот износ. Пота ќе си добиеш точна информација на која сметка и колку треба да платиш.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 262
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2917 на: 14 Ноември 2025, 16:16:59 pm »
Чекам нарачка од Тему, според инфото за следење повеќе од една недела е во царина , порано беше до 2 дена во царина, веројатно почнато е со наплата на сите нарачки. Досега не сум платил данок/царина на нарачка, на кој начин се плаќа , при подигање на нарачката или друг начин? Да знам што да очекувам.
Мене ми стоеше заглавена на царина 15 дена исто од тему, веројатно зафрлена негде, ќе ти стигне и сеуште нема дополнителни давачки, на 18ти ќе имаат  седница лоповите кајшто ќе го укинат ослободувањето од 22 евра, па ќе ни наплаќаат ддв до 22 евра а ддв и царина над тоа, а ќе почне да важи една недела после тоа кога ќе излезе у службен весник.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4095
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2918 на: 14 Ноември 2025, 17:53:35 pm »
Што пројде до 25ти прошло :) После Тему ќе ги калибрира онлајн цените да не се замараш сам.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2919 на: 15 Ноември 2025, 01:53:54 am »
Некни се заебав со една хавајка триста динара, не загледав дека поштарина е 800...

Не знам кој сајт беше, ваљда овој Али Хасан Баба или слично...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4095
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2920 на: 15 Ноември 2025, 06:53:00 am »
Еј тие се многу тешки да знаеш колку ќе платиш доама за да ти стигне. Еднаш нарачував некои електро магнетни вентили. Ми треба 3 и за да не се подебавам со царини ги нарачав на 2 дена разлика. Али ги спакувал во една кутија и ми удрија царина + ддв. Ај, тоа некако не беше ни толку страшно, ама па 2 недели со царинкот си праќавме поздрави и честитки за да утврдиме колу пари сум платил за да ги нарачам.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11135
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2921 на: 13 Јануари 2026, 09:13:44 am »
Да споделам пресно искуство од порачка преку интернет и мојата помош кон државата во борба со сивата економија и потпомагање на буџетот.

Последниве 10+ години пред нова година си пазарам дрангалашки, телефонски додатоци, ПС игри итн., обично има добри попусти а и периодот е таков за почастување
Така и оваа, после продолжување договор со Телеком се почастив едно парче маска од dbrand (не ми е прва и претходно имам порачувано).

Порачана 28-ми од Канада, на 4-ти во Дубаи, 8-ми во Скопје.
Нарачката од Дубаи ја превзема UPS.

На 9-ти ми се јавија дека имам пратка и дека ќе треба да ја царинам пратката на Аеродром Петровец, да платам лежарина и да одам да ја подигнам од UPS во н.Илинден или целата процедура да ја завршат они за 3.500ден.
Маската е во вредност од 49 долари.

Им реков дека досега не сум терал никакви вакви процедури и дека редовно порачувам од интернет и никогаш не се случило ова, на што ми одговорија дека ако сакам може да ја вратат на испраќачот или доколку не се заврши процедурата до 27.01., да ја уништат.

Пошто ми беше ќеф и веќе платена, ај отидов да ја завршам процедурата.
Во царина на Аеродром Петровец пред мене 10 души и повеќето се крстат со лева рака што се случило, ама „новиот закон“.

После саат и 40мин. дојдов на ред и си го платив долгот према државата во облик на 18%ддв.
Па од таму во UPS во н.Илинден и таму уште 15мин. и уште 1.055ден. лежарина  :D :D :D :D :D
Беемвето кога го увезував платив 1.200ден лежарина, ама за маската е помалку веројатно дека помалку место фаќа.

И така за маска од 49долари, платив уште иљаду и пецто денари давачки, 80 за патарина + гориво и пола ден утепан.

Ова за да си имате во предвид дека „новиот закон“ е во сила е се тера јако  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44808
  • Il Moderatore
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2922 на: 13 Јануари 2026, 09:21:21 am »
Еее, моите патосници од 50-тина евтра во 159-ката повеќе од 120 ми вредат сеа... А ич не е новиот закон, одамна си е тоа, ти стигнало по Дхл експрес или федекс, је*о си јежа!

Извадок од мејлот кој онака те остава со подзината уста :

Цитат
Почитувани

Пресметка за царинските давачки за вашата пратка. Дополнителни 1500(2500 за правно лице) за шпедитерска услуга и 600 за лежарина во магацин од поединечна пратка до 20 килограми.
Потоа следи и пресметка на царина+ддв. и све на куп - лепота :)

И на крај, жена ми со штиклите вози и по тоа теписонските патосници... абееее......
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2076
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2923 на: 13 Јануари 2026, 09:27:07 am »
Јас кожава што ја нарачувам од хрватска бирам да иде преку емс (нормалнава пошта државна) генерално стигнува брзо не знам дали е во прашање хрватска или си работи системот за недела до две е тука пратката, лежарина не наплаќаат само стига картонче од пошта дека треба да ја подигнам или на тракингот ако пишува фали фактура праќам на меил и во пошта го полниш државниов буџет со ддв и царина и можеш да си ја подигнеш пратката.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11861
  • Архитект
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2924 на: 13 Јануари 2026, 09:56:35 am »
Да споделам пресно искуство од порачка преку интернет и мојата помош кон државата во борба со сивата економија и потпомагање на буџетот.

Последниве 10+ години пред нова година си пазарам дрангалашки, телефонски додатоци, ПС игри итн., обично има добри попусти а и периодот е таков за почастување
Така и оваа, после продолжување договор со Телеком се почастив едно парче маска од dbrand (не ми е прва и претходно имам порачувано).

Порачана 28-ми од Канада, на 4-ти во Дубаи, 8-ми во Скопје.
Нарачката од Дубаи ја превзема UPS.

На 9-ти ми се јавија дека имам пратка и дека ќе треба да ја царинам пратката на Аеродром Петровец, да платам лежарина и да одам да ја подигнам од UPS во н.Илинден или целата процедура да ја завршат они за 3.500ден.
Маската е во вредност од 49 долари.

Им реков дека досега не сум терал никакви вакви процедури и дека редовно порачувам од интернет и никогаш не се случило ова, на што ми одговорија дека ако сакам може да ја вратат на испраќачот или доколку не се заврши процедурата до 27.01., да ја уништат.

Пошто ми беше ќеф и веќе платена, ај отидов да ја завршам процедурата.
Во царина на Аеродром Петровец пред мене 10 души и повеќето се крстат со лева рака што се случило, ама „новиот закон“.

После саат и 40мин. дојдов на ред и си го платив долгот према државата во облик на 18%ддв.
Па од таму во UPS во н.Илинден и таму уште 15мин. и уште 1.055ден. лежарина  :D :D :D :D :D
Беемвето кога го увезував платив 1.200ден лежарина, ама за маската е помалку веројатно дека помалку место фаќа.

И така за маска од 49долари, платив уште иљаду и пецто денари давачки, 80 за патарина + гориво и пола ден утепан.

Ова за да си имате во предвид дека „новиот закон“ е во сила е се тера јако  ;D


Среќа во Скопје живејш. Ами шо прајме со пратките на Битолчани, Охриѓани, Ресенчани...