Автор Тема: Продажба на имот  (Прочитано 369 пати)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Продажба на имот
« на: 03 Декември 2024, 21:59:25 pm »
Здраво
Имам наследено дуќан што планирам да го продавам, не сум запознаен како одат тие работи со сите детали.
За почеток, не знам колку вреди, треба да плаќам проценка или може на друг начин да одредам реална цена?
Подобро е преку агенција за недвижности или не? Има ли некои работи на кои треба посебно да се внимава да не се зафркнам
за нешто, како договори , документи и сл. ако одам преку агенција? Дуќанот е под договор за издавање до 2026, но би сакал пред тоа да го продадам. Ако некој има искуство со нешто слично, ќе ми значи секоја помош или совет.


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Продажба на имот
« Одговори #1 на: 04 Декември 2024, 01:15:51 am »
Адвокат да ти направи договор за купопродажба, Град Скопје данок на промет, солемнизација на договор за купопродажба на нотар. Средства на трансакциска пред солемнизација.


Во врска со процената, најдобро е сам да истражиш колку е м2 во близина, но кај дуќан има мал милион фактори кои влијаат на цената. Дуќан на главна и на споредна улица не вредат исто. Независно од тоа што се на иста локација.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Продажба на имот
« Одговори #2 на: 04 Декември 2024, 06:55:40 am »
Адвокат да ти направи договор за купопродажба, Град Скопје данок на промет, солемнизација на договор за купопродажба на нотар. Средства на трансакциска пред солемнизација.


Во врска со процената, најдобро е сам да истражиш колку е м2 во близина, но кај дуќан има мал милион фактори кои влијаат на цената. Дуќан на главна и на споредна улица не вредат исто. Независно од тоа што се на иста локација.
Колку % беше данокот за продаден имот?

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2084
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Продажба на имот
« Одговори #3 на: 04 Декември 2024, 07:05:45 am »
3%за станбен , се надевам дека и за деловен е исто

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Продажба на имот
« Одговори #4 на: 04 Декември 2024, 08:16:04 am »
Пиши ми детали во порака ако е во Скопје

Работам со дуќани

Sent from my SM-G990B using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Продажба на имот
« Одговори #5 на: 04 Декември 2024, 08:19:08 am »
Данокот мислам дека е на товар на купувачот. Ти спреми прво чист имотен лист.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Продажба на имот
« Одговори #6 на: 04 Декември 2024, 08:23:21 am »
Пиши ми детали во порака ако е во Скопје

Работам со дуќани

Sent from my SM-G990B using Tapatalk
Во Гевгелија на булеварот.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Продажба на имот
« Одговори #7 на: 04 Декември 2024, 15:02:31 pm »
Данок е на имот е на товар на купувачот, а проценителите се од самата општина каде станува збор за имотот кој се продава и без разлика дали имотот ќе биде продаден за 1 евро или 1.000.000 евра меѓу купувачот и продавачот, тие си имаат некоја своја математика при проценувањето.
Ова нема да те тангира тебе многу туку тој што ќе треба да го купи имотот.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Продажба на имот
« Одговори #8 на: 04 Декември 2024, 15:12:13 pm »
Данок на промет по закон е на товар на продавачот.

Во пракса го плаќа купувачот.