Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 420142 пати)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2910 на: 14 Ноември 2025, 11:14:13 am »
Чекам нарачка од Тему, според инфото за следење повеќе од една недела е во царина , порано беше до 2 дена во царина, веројатно почнато е со наплата на сите нарачки. Досега не сум платил данок/царина на нарачка, на кој начин се плаќа , при подигање на нарачката или друг начин? Да знам што да очекувам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6327
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2911 на: 14 Ноември 2025, 11:20:32 am »
Ќе те контактираат од царина, најчесто телефонски.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14911
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2912 на: 14 Ноември 2025, 11:41:49 am »
И како се плаќа царина? На подигнување или?

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1894
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2913 на: 14 Ноември 2025, 11:46:16 am »
Порано додека пратките одеа преку пошта, царина имав платено во пошта директно. Никој не ми се јави, само ми донесоа ливче дека имам пратка. Кога појдов да ја подигнам на шалтер ми кажаа дека треба да платам царина (впрочем ја имаа видено фактурата што беше ставена внатре и царината беше точна до денар :D ), ми напишаа уплатница, платив и си ја зедов пратката.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6945
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2914 на: 14 Ноември 2025, 13:11:38 pm »
Повеќе од 10 години плаќам на начинот на Силвестер, никој не ти се јавува освен ако имаш по ДХЛ, Федекс, УПС.. е тие можи да се јават.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6327
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2915 на: 14 Ноември 2025, 13:40:44 pm »
И како се плаќа царина? На подигнување или?
Последно што сум платил царина во Македонија беше пред 3 години за поскапа електроника од Кина. Ме контактираа да им пуштам меил со прикачена фактура за тоа што сум го нарачал и на крај не ми наплатија по таа цена, туку по нивна проценета сума. Си платив и лежарина...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4032
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2916 на: 14 Ноември 2025, 15:59:47 pm »
Чекам нарачка од Тему, според инфото за следење повеќе од една недела е во царина , порано беше до 2 дена во царина, веројатно почнато е со наплата на сите нарачки. Досега не сум платил данок/царина на нарачка, на кој начин се плаќа , при подигање на нарачката или друг начин? Да знам што да очекувам.

Ако добро следам законот за минимална вредност која не подлежи на царина не е променет. Ама ако е според она како од други нарачки се извршувало е да те контактира некој или диспечерот или царина и да побара од тебе точни информации за содржината и за платениот износ. Пота ќе си добиеш точна информација на која сметка и колку треба да платиш.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 255
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2917 на: 14 Ноември 2025, 16:16:59 pm »
Чекам нарачка од Тему, според инфото за следење повеќе од една недела е во царина , порано беше до 2 дена во царина, веројатно почнато е со наплата на сите нарачки. Досега не сум платил данок/царина на нарачка, на кој начин се плаќа , при подигање на нарачката или друг начин? Да знам што да очекувам.
Мене ми стоеше заглавена на царина 15 дена исто од тему, веројатно зафрлена негде, ќе ти стигне и сеуште нема дополнителни давачки, на 18ти ќе имаат  седница лоповите кајшто ќе го укинат ослободувањето од 22 евра, па ќе ни наплаќаат ддв до 22 евра а ддв и царина над тоа, а ќе почне да важи една недела после тоа кога ќе излезе у службен весник.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4032
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2918 на: 14 Ноември 2025, 17:53:35 pm »
Што пројде до 25ти прошло :) После Тему ќе ги калибрира онлајн цените да не се замараш сам.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8966
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2919 на: 15 Ноември 2025, 01:53:54 am »
Некни се заебав со една хавајка триста динара, не загледав дека поштарина е 800...

Не знам кој сајт беше, ваљда овој Али Хасан Баба или слично...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4032
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2920 на: 15 Ноември 2025, 06:53:00 am »
Еј тие се многу тешки да знаеш колку ќе платиш доама за да ти стигне. Еднаш нарачував некои електро магнетни вентили. Ми треба 3 и за да не се подебавам со царини ги нарачав на 2 дена разлика. Али ги спакувал во една кутија и ми удрија царина + ддв. Ај, тоа некако не беше ни толку страшно, ама па 2 недели со царинкот си праќавме поздрави и честитки за да утврдиме колу пари сум платил за да ги нарачам.