Ако има вибрации на волан и на шалт табла, провери ги СИТЕ држачи на мотор и (посебно) на менувач. Исто така, според километражава барем еднаш амортизери треба да има сменето. Ако нема - мењај
Провери дали во возење тропа од позади на дупки, ако тропа (силно, ко` удар во каросерија), тогаш треба да смениш буфери на задна осовина.
Предницата ако тропа, тогаш многу веројатно некоја спона за баланс штангла (балансери ги викаат некои) тропка. Исто така провери ги и предните вилушки.
Што се однесува до моторот, едноставен за одржување, ефтини се онсовните и „големите“ сервиси, само квалитетно масло и терај. Адитив за чистење бризгалки, по препорака на брат ми - Wynns.