Здраво.
Претпоставувам дека на форумот вакво или слично прашање е одговорено стотина пати, но за да не барам ќе прашам уште еднаш. Еве за што се работи. Пред некој ден разгледував ауди а3 бензинец, 1600 кубици, 2003 година, регистрирано на македонски таблички, а иначе донесено од Италија преку Бугарија. Надворешно колата ме бендиса, ама кога ја кренав хаубата и ја отворив капачката за масло се осеќање дување. Ја ставив раката да проверам дали фрла масло - не фрлаше. Да напоменам, моторот беше загреан бидејќи претходно имаше поминато 30тина километри. Дали е нормално кај бензиски мотор да има дување од капачката за масло? Иначе од шипката за проверување на масло немаше воопшто дување.
Друга работа, кога ја отворив капачката за масло забележав дека на нејзе има капки вода. Дали е тоа нормално, контензација ли е тоа, што ли е, или моторот меша масло со вода?
Иначе колата ја испробав....онака добро се понашаше, стартна беше, брза беше(немаше услови да ја пробам повеќе од 100км/h ама и таа брзина ја постигна за брзо време). Не забележав чадење и сл. работи.