Во Охрид сите автоелектричари се занимаваат и со механичарски работи, менуваат и масло каиши спони и слични работи, никој од нив не е строго специјализиран за електрика, затоа за мене се тие пред се механичари, ако навредив некој автоелектричар се извинувам, инаку проблемите кај стилото не се со прекидачите туку се јавуваат од проблеми со сензорите ECU-то па се до серво уредот, а тие дефекти тешко се откриваат на лице место особено од лаик како мене, дури и да ја однесам на дијагностика колата може во моментот да не покаже никаква грешка, за после кратко време да почне да откажува. Затоа ме интересираат конкретни искуства со оваа кола, како што наведе gOJDO, а тоа и ми го потврдува сомнежите