Малку се чудни пресметките. Конкретно за Lexus IS250 2007 Luxury Automatic проценетата вредност е 4200€, односно дупло помалку од моменталната цена на пазарот, а давачките за увоз се 3400€ што е нереално на таа цена.
Проценетата вредност на возила постари од 10 години е секогаш 10% од цената кога била нова, ова цариник ми го има потврдено. Затоа и Е92 М3 кога гледав проценета вредност беше 8000 евра отприлика.
Давачките се тие, за нив има јавно достапна формула, не можеш да ги утнеш. CO2 ти крева тебе давачки.
Точно ама не е 10 години за коли, 13 е за коли, постари од 13 години вредат 10%. За мотори е 10 години.
За супер ретки коли ова не важи ама, ако ја нема колата во Шваке (LaFerrari, P1, или стари олдтајмери како 560 SEC, итн). Другар брзо увезе 560 SEC, за пресметка гледаја огласи на слични модели од mobile за проценка.
Иначе Triumph Street Triple 675 купив сега брзо од Германија, го зедов 4500 ама цената е 800 според каталог, и ми ја прифатија 😄
https://davacki.mk/
БЕСПЛАТЕН
Калкулатор за Давачки на Возила
Баш ме интересира како вадат автоматизирано каталошка цена.
Моја е страната 
Вадам податоци воглавно преку трошење 100-200 евра секој месец за одредени модели што знам се најбарани (да видам спрема Шваке), а после користам разни алгоритми и пресметки (и неколку тајни хехе) за останатите.
Се со надеж за некое време да ја монетизирам од реклами, а со то и поточна да ја напрам нормално. Цел ми е да е бесплатна секогаш, веќе има страна шо работи според Шваке и е 450 денари.
Ќе напрам деновиве една цела тема можи за страната.
Браво и честитки за тоа што имаш желба и време да го направиш тоа! Генерално, ке биде од голема корист за многумина. Дали можеш да ми кажеш, за ова возило — колку би излегле сите давачки? Ако таму е толку, колку уште треба да се плати до македонски таблици? Фала ти многу, и уште еднаш честитки за идејата!
https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=439074511&dam=false&fr=2020%3A&isSearchRequest=true&ms=17200%3B161%3B%3B&ref=srp&refId=64df8858-ca33-38ee-8686-beedc4b43885&s=Car&searchId=64df8858-ca33-38ee-8686-beedc4b43885&vc=Car
За вакви ретки и скапи модели потешко ми е проценка оти не следат линеарно амортизирани цени како обични коли. Швакето варира за нив, некогаш дури и можи да поскапи од еден месец во следен.
Провери на страната, внеси податоци и види, ама би ти рекол следи ја фактурната цена шо ќе ја внесиш ти за ова кола, а не проценката. Горе долу ако ја прифатат ~100к како цена на царина, едно 50-55к давачки не ти бегат.
Ако си сериозен уплати си 450 денари на другата страна, сепак не ризикувај за кола над 100 илјади евра.