Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1279361 пати)

Отсутен MariaMac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5910 на: 21 Декември 2025, 19:27:47 pm »
Здраво  :)

Ми треба мислења и совети пред купување половен автомобил, сите се добредојдени.

Пред извесно време се решив конечно од спаркот, го извозев бајаги ама цело време нешто се поправаше, да не зборам за ладење/греење и конденазција на стаклата.

Планирам за сега да купам мал градски до кај 3000-4000 евра. Битно ми е да не морам да фрлам пари по поправки нон стоп како со спаркот, да заборавам некое време на мајстори  :D Основни работи (клима) и слично да се добро функционални и да можам да тргнам на пократок пат од време на време (значи воглавном за низ град) а да не сум пд стрес каде ќе ми застане.
Намерата и желбата ми е јапонско/корејско возило зошто така ми советуваат пријатели од искуство.
Ваше мислење и предлози?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15303
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5911 на: 21 Декември 2025, 22:04:32 pm »
Yaris, Corolla

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5912 на: 16 Јануари 2026, 11:14:15 am »
Дечки, ај некој со искуство што трчал по овие работи. Хомологацијата ми е готова. Сега што е следно? Да ја земам и со останатите документи да одам во МВР да поднесувам за интерпол проверка и сообраќајна и таблици па на крај да одам на технички за регистрација? Пошто од техничкиот ми викаат дојди за хомологацијата и регистрација па после на крај со сите док во МВР за проверка. Како ќе ми ја регистрираат (и осигураат) колата ако прво нема потврда од МВР?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17947
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5913 на: 16 Јануари 2026, 11:23:48 am »
Во овој момент можеш да извадиш пробни таблици за колата - треба да приложиш документ дека ја поседуваш (претпоставувам преведен купопродажен ако сам ја увезуваш). Пробни таблици би ти требале да ја однесеш колата од шпедиција или плац или било кај да стои, до технички преглед.

Во меѓувреме, поднесуваш барање за регистрација со сите документи што ги имаш до сега. Колата ја проаѓаат на технички преглед, вадат документ дека се е во ред. МВР (полицаецот на технички) си ги носи сите документи во МТВ на проверка за Интерпол, па по неколку дена ти се јавуваат дека проверката е позитивна.

Со таа позитивна проверка продолжува процесот на регистрација, т.е. можеш да извадиш и осигурување, и заедно со тоа и таблици. За ова не ти треба возилото да е присутно.

Не треба да трчаш ти, си бираш технички, одиш таму првиот пат за да поднесеш документи, и втор пат по неколку дена да си ги земеш документите заедно со таблици за колата.
« Последно менување: 16 Јануари 2026, 11:29:48 am MartinAlfista »

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5914 на: 16 Јануари 2026, 12:30:18 pm »
@MartinAlfista ок, значи постапката за регистрација мора да се почни. Тоа ми беше збунувачкиот дел. Само се отвора постапката, но не се завршува додека не помине процедурата во МВР. Инаку колата ми е на DE таблици моментално, кои веројатно се невалидни веќе пошто колата е одјавена таму. Имам се од купопродажен, платени давачки, преведени сообраќајна и одјавата од германски. Планирам така да ја однесам до технички пошто ми е на 1км од дома.

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 742
    • ibiz.mk
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5915 на: 16 Јануари 2026, 12:48:17 pm »
хомологација > технички > интерпол > осигурување+таблички+ сообраќајна

интерпол ке чекаш 2-3дена

јас на технички си отидов без таблички.

инаку @bobimk за хомологација ти бараа ли  COC, мене пред месец ипол  ми бараа да имам, додатно 8000ки.
« Последно менување: 16 Јануари 2026, 12:55:53 pm Tomce »

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5916 на: 16 Јануари 2026, 13:27:05 pm »
хомологација > технички > интерпол > осигурување+таблички+ сообраќајна

интерпол ке чекаш 2-3дена

јас на технички си отидов без таблички.

инаку @bobimk за хомологација ти бараа ли  COC, мене пред месец ипол  ми бараа да имам, додатно 8000ки.
Да, без COC (certificate of conformity) ништо. Тој документ потврдува колку е Co2 во издувните гасови односно еуро нормата на колата). Ние поднесовме за него уште на 2 Јануари ама се одложи се со празниците, па вадевме по брза постапка (+2500 ден) на 12 Јануари. Морав така пошто тоа беше последен ден претходниот сопственик да е тука во МК. веќе следниот ден заминуваше за Германија, а без тој документ не може ни да се царини. Ми рекоа дека хомологација, заедно со ова за брзата постапка ќе биде околу 10700 ден. (колата има и фолии и кука).

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 742
    • ibiz.mk
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5917 на: 16 Јануари 2026, 13:31:40 pm »
хомологација > технички > интерпол > осигурување+таблички+ сообраќајна

интерпол ке чекаш 2-3дена

јас на технички си отидов без таблички.

инаку @bobimk за хомологација ти бараа ли  COC, мене пред месец ипол  ми бараа да имам, додатно 8000ки.
Да, без COC (certificate of conformity) ништо. Тој документ потврдува колку е Co2 во издувните гасови односно еуро нормата на колата). Ние поднесовме за него уште на 2 Јануари ама се одложи се со празниците, па вадевме по брза постапка (+2500 ден) на 12 Јануари. Морав така пошто тоа беше последен ден претходниот сопственик да е тука во МК. веќе следниот ден заминуваше за Германија, а без тој документ не може ни да се царини. Ми рекоа дека хомологација, заедно со ова за брзата постапка ќе биде околу 10700 ден. (колата има и фолии и кука).

мене околу 8000ки ме чинеше исто со фолии атест, али го чекав скоро 20 дена, поднесов на 3-4 декември, околу  25ти го добив.

сопственикот не ти треба, имаш купопродажен договор, за COC/хомологација.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5918 на: 16 Јануари 2026, 13:34:40 pm »

Е па тука сме, мене фазла поради брзата постапка. Сега веќе не ми треба сопственикот, ама ми требаше за царината пошто беше на негово име, а царината не можеше да почни без COC  ;D Абе лавиринти сето.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2281
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5919 на: 16 Јануари 2026, 13:39:49 pm »
Баш пред некој ден ми излезе на Редит која е процедурата за увоз на кола од ЕУ во Швајцарија. Одиш на граница кај што има царинска служба и од ЕУ и од швајцарска страна, на ЕУ страна ти удираат печат за извоз, 5 минути работа, на швајцарска страна ги носиш документите, ти прават пресметка на лице место, плаќаш со картичка увозни давачки + некои ситни трошоци и си ја носиш колата на технички и регистрација.

Ама зошто да е едноставно кога може да е комплицирано.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7733
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5920 на: 16 Јануари 2026, 18:01:51 pm »
55000 eвра кола во Германија, 29000 евра давачки за да се увезе кај нас. Ова е толку ненормално, што не вреди да се дискутира.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2281
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5921 на: 16 Јануари 2026, 18:08:53 pm »
Ние и Данска тие сме

ЕДИТ: Уствари не, Данска ги качи скалите на данокот откако сите возила поскапеа. Само ние останавме со истите скали/нивоа од пред 15 години
« Последно менување: 16 Јануари 2026, 18:14:24 pm andrejnaumovski »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6704
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5922 на: 16 Јануари 2026, 19:11:24 pm »
На иста мака сум. Кола од 7000€, царина 3500. Ненормална држава.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15303
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5923 на: 17 Јануари 2026, 18:36:48 pm »
55000 eвра кола во Германија, 29000 евра давачки за да се увезе кај нас. Ова е толку ненормално, што не вреди да се дискутира.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

За 30000 евра ќе си купам куќа во Грција (околку Лерин) со се гаража 😅

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5924 на: 18 Јануари 2026, 01:10:02 am »
Си треба и кола, како ќе стасуваат луѓево до куќите ако само куќу купуваат а не и коли :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA