дечки совет околу што би требало да се обрати пажња при купување
BMW 118d автоматик 2011 та, има нешто под 200 000.
колата е во германија кај близок човек (скоро 10години), знам дека редовно е одржувана и како што треба
мора да ја менува оти почнале или ке почнат забрана за еуро5
вака колку што пролистав поголем трошок е менување на ланче. друго што би требало да се обрати пажља, некој искуство
Јас ја имав колата, баш 2011 автоматик 118д. Кај мене сецкаше менувачот во првите неколку брзини, посебно додека е ладна колата. Ваљда тоа повеќе зависи до како била одржавана колата отколку проблем со менувачот кај сите коли. Во колата јас што ја возев ланецот не бил сменет ваљда од фабрика, а имаше над 260 000+ км. Немаше никакви звуци ни rattle
За мајстор ќе ти препорачам Ќано во Сарај, ќе ја прегледа колата до милиметар и штрафче, детално. Избегавај го Џеповски.
За половни делови (мртвачница за БМВ) ќе ти препорам Ибро во Сарај
Тоа од мене, не сум нешто професионалец за коли за да ти дадам подобри совети