Што бе, другар — 50 илјади евра давачки да платам за G-класа? Па за тие пари не купувам нова E-класа од давачките во „мак-аутостар“ Бог да чува — да не е некоја грешка, или калкулаторот погрешно да рачуна..Сепак фала ти на одговор и на времето.Навистина ценам нови идеи како твоето што е имаш поддршка за работата само напред!
Не е грешка, калкулаторот можи само амортизирана цена да згреши за вакви ретки скапи коли, ако внесиш фактурна (да речиме 100к оти знаеш дека толку ќе ја процени царината), точно ќе ти извади.
Рачунај без да гледам грубо ќе ти кажам
2к за CO2
5% царина оти си без ЕУР1 - 5к
После треба да ги собериш тие и плус колата, и сега не на 100к туку на 107к имаш 20% данок на луксуз, еве ти уште едно 21к.
Е после ги соберваш И ТИЕ и на 128к имаш уште 18% ДДВ хахаха, еве ти уште 23к
И на крај ти идат 150к со се кола, т.е. 50к давачки. Нажалост точен е калкулаторот, државата не е точна во умот.