Татко ми 40 години е со коли, ниту еднаш не возел со зимски, ниту па ставил ланци на тркала. АМА со зимски е три пати полесно и побезбедно. Ама не е како што кажувате со летни демек се лизгаш ко на мраз да си. Се дур си претпазлив и возиш паметно и одговорно не би требало да има проблем.
Пред 40 години (до пред 20 години да речеме) гумите биле (мање/више) ол сизн, ѓубре во лето, ѓубре во зима. Погледни ја шарата на типични гуми пред 40 години. Во ново време, летните гуми се високо оптимизирани за летни услови, а во зима се ептен срање. Ако треба да бирам дали во зима ќе возам со некоја винтиџ гума или со летна, ќе изберам винтиџ. Башка есап димензиите. Ретко која кола имала пошироки гуми од 185. Сега сакаме со летни 245-ки да викаме „супер е на снег“. Не е супер. Не мрда колата. И има перформанси на руска метална санка. Летните гуми речиси и да немаат напречни шарки, за што поголема допирна површина со асфалтот. Но на снег и мраз, тоа е негативна особина. Во модерно време, треба да имаш самоубиствени намери за да возиш со летни гуми во зима.
Башка тежината и перформансите на колите сега и во минатиот век....
Една пролет, ме изненади снег во Маврово и тоа од С. Маврово стигнав со летните dunlop sport maxx до Анови, таму се проврткав на кратко, веќе нафати доволно снег на патот. На враќање, на спуштање од браната, не можев да закочам никако (ко` на видеоно од косово бев), колата само си забрзуваше надолу према браната. Само среќа ме спаси да не се залепам у ѕид. Брзината со која пристапив кон удолницата не беше ни 10км/ч. Колата беше вон контрола.
За споредба:
Tigar tg505 (прилично популарна гума пред 30-тина години):

Michelin Pilot Super Sport (гумата што моментално ја возам за летна)

Dunlop Winter Sport 5 (гумата што би сакал да ја имам за зимска)

Па оценете си сами, дали треба со летни да си ризикувате со скапите каросериски делови на вашите коли.