Да бидеме реални, кога у последните 35 години, те од осамостојување на Македонија било која влада направила нешто значајно и тоа да биде со цврсти темели и да е правилно замислено, испланирано и изведено? Мене не ми текнува на такво нешто. Можда само ддв што воведоа, ама тоа е за зимање пари од луѓето и полнење на државната каса.
Еве нешто од инфраструктура:
Штип - Велес (експресен). И ова требаше да биде автопат, ама мислам дека остана експресен бидејќи требаше да се преместува рутата бидејќи поминува низ две села.
Претходно (кога беше регионален со две ленти) имаше доста сообраќајки, а знаеше и зимни време да се заглавува кај Сарамзалино, од наноси на снег и виулици, па се чекаше како да сме Алпите, а не Овче Поле.
Штип - Миладиновци/Скопје (автопат). Како некој што го вози автопатов уште кога не беше официјално отворен, па до ден - денес (а и знам многу луѓе од источна МКД што го користат) - автопатов буквално ја размрда цела источна Македонија, за луѓето од Делчево, па се до Струмица.
Капитален проект со реални придобивки од времето на Грујо.
Штип - Кочани (експресен). Патов е контроверзен, но не заради изведбата и се друго, туку затоа што во земјава постојат говеда што мислат дека експресниот пат е писта за тркање.
Еве има и одлука за проширување до ДелчевоШтип - Радовиш (експресен). Мене ако ме прашаш - ова требаше да биде автопат директно до Струмица, па експресен пат кон Фурка/Дојран, експресен пат на кракот кон Богданци/Гевгелија, мада таму го средија постоечкиот пат/обиколницата околу Богданци и е ОК.
Не знам дали сте свесни (вие што не живеете во источна Македонија) колку е различно/подобро од претходно, на истите правци.