За да не премине тотално темава у други веќе постоечки теми, да прашам, дали некој носи ашовче или што знам, нешто за подметнување под тркала за да би се подобрила тракција во случај на заглавување?
Во Леонот носев две мали (рецимо 30х30) парчиња индустриски килим. Се нашле 2-3 пати. Лопатче не сум носел, али треба човек да размисли да земе едно мало, преклопливо, особено ако излегува надвор од град. Just in case.
Јас си носам ќебе + стар чаршаф позади точно за заради заглавување. 2014та кога бев во Македонија со кола, ме застана полиција и полицаецот ми се изнасмеа дека имам ќебе во зимската опрема. Заебанција било од К-15, и немало потреба од такво нешто. 
Лопата немам, ама нема да е лошо и да си купам една. 
Едно време имаше кај нас на Лукоил бензинскиве такви малечки ашовчиња, на расклапање. Мислам дека ги даваа со купони, а колку што се сеќавам, ни регуларната цена не им беше некоја ненормална.
Патосница.
Гумена или тАписонска?
Ај кииид
Негде видов дека може и со патосница, ама мислам дека со кебенце или груба ткаенина можеш да „обезбедиш“ подолг пат отколку со патосница. Башка, прилично сум сигурен дека ќе се уништи патосницата после нешто вакво, али не мора да значи нали
