Многу го издрвевте за зимскиве гуми.
Да, подобро е, и препорачливо е да имаш зимски гуми во зимска сезона. Но, имањето зимски гуми, не те прави неуништив, па да можеш да си дозволиш да се куропецаш и да возиш ко идиот, само поради тоа што имаш зимски гуми.
Ако знаеш да возиш, и си доволно совесен и внимателен, ќе можеш да возиш (или во најмала рака да стигнеш од точка А до точка Б, или да се вратиш дома) со летни и/или со ланци.
Не секој може да си дозволи да купи комплет зимски гуми.
На мраз, имај какви сакаш гуми, џабе е.
Никој не рече дека зимските гуми те прават неуништив, ниту пак дека некој со зимски губи смее да си дозволи да вози ко идиот. Поентата е дека со зимските гуми е значително полесно и побезбедно да се вози во зимски услови. Побезбедно и за возачот, и за сопатниците, и за другите учесници во сообраќајот. Тие 5-6 метри намалена дистанца на кочење можат да направат огромна разлика во контекст на човечки животи. Материјалните штети да не ги ни спомнуваме.
За моментот „на мраз какви сака нека бидат, џабе е“ - не се слагам. Да го цитирам Симо:
Никој не ја побива таа поента. Или барем јас не ја побивам, нити се обидувам да идам контра таа поента, пошто е нелогично и глупо (како што може да се види од втората моја реченица).
Пак ќе потенцирам дека не секој може да си дозволи да купи комплет зимски гуми. Ако можеш да си ги дозволиш, а не го правиш тоа, пошто „нема поента“, you're a douchebag.
Поентата за мразот е дека на мраз не треба да возиш. Толку.
Ако си веќе приморан да возиш на мраз, онда секако дека подобра варијанта би било да имаш зимски гуми.