Еве и мене ме сефтосаа

Опомена
Почитувани,
Регистриран е сторен сообраќаен прекршок со возило кое е во ваша сопственост со регистарски број TE6805AM .
Датум и време на прекршок: 21.12.2025 11:49
Преземете записник на следниот
линк.
Стигна 1 минута после сторениот прекршок, ама не можам да го отворам линкот, веројатно дозволува само од МК IP адреси.
Секој може да пријави која сака мејл адреса, пошто немаат имплементирано процес за верификација на мејл адресата со на пример код по смс што ќе ти го пратат. Сега ќе ме спамира некој непотребно, пошто некој имплементира систем и го пушта во живо без сериозно тестирање и без креирање доволно сценарија за користење. Што не е за изненадување кога се работи за нешто што го имплементира некоја државна служба во Македонија.
Ќе им напишам мејл на МВР, само тешко дека некој ќе го прочита.